ИЗДАВАШТВО
PRIVATEPRINT е издавачка куќа од Скопје, посветена на уредување, создавање и поддршка на уметнички книги, уметнички и кураторски истражувачки проекти, уметнички текстови и останати сродни публикации. Основана во 2016 година, а основачи и главни уредници се Марија Христова и Илија Прокопиев.

* PRIVATEPRINT објавува книги во кои се јавува како уредник или куратор, односно директен реализатор на проектот во соработка со автори, истражувачи или институции. Материјалите (визуелни материјали, пишан текст, истражување и слично) можат да бидат понудени од самите автори или да бидат селектирани од PRIVATEPRINT. Внимателно се прави изборот на материјалите, темата и авторите, истражувачите или институциите, а проектот PRIVATEPRINT го спроведува во целост, од уредување на материјалите, графичка припрема и печатењето, до негова промоција и дистрибуција.

* PRIVATEPRINT објавува книги од претходно подготвени материјали (уметнички книги, авторски истражувања и слично) и уредени од страна на автори, истражувачи и институции. Тука се подразбираат материјали кои целосно се совпаѓаат со основната дејност на PRIVATEPRINT. Понудените материјали подлежат на селекција. PRIVATEPRINT целосно го води процесот на печатење, дистрибуција и промоција.

* PRIVATEPRINT нуди услуги на дизајн и подготовка за печат, како и организација на печатење на книги, каталози, портфолија и слично, по барање на автор, институции или фирми.
СТУДИО
Студио PRIVATEPRINT е здружение за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност, основано во 2018 година. Целите на Студиото се фокусираат во рамките на научно-истражувачка работа и интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност и култура, со особен фокус на уметничката книга како современо-уметничка практика сфатена во поширок културно-општествен контекст. Активно дејствувување на полето на независната култура и подигање на свеста за новите медиуми и форми на израз во современата уметност како на македонската така и на меѓународната сцена се дел од целите на Студиото. Активностите се одвиваат преку организирање на изложби, публикации, презентации, мултимедијални настани и колаборативни проекти, како резултат на истражувачката и интердисциплинарната практика на Студиото.