privateprint

  • mk
  • \
  • en
  • дома
  • издаваштво
    • книги
    • принтови
    • останати продукти
  • студио
    • настани
    • архива
    • блог
  • за нас
  • #paperworks 05\17 Mateja Nikolikj
  • #paperworks 04\18 Marko Janev
  • #paperworks 03\17 Ana Jovanovska
  • #paperworks 02\17 Nikola Radulovikj
  • #paperworks 01\17 Ledia Kostandini
  • privateprint торба
  • Акварели – Јелена Ристеска
    од Јелена Ристеска
  • Беџови: На Скопје, со љубов!

#paperworks 03\17 Ana Jovanovska

#PAPERWORKS е нова зин колекционерска едиција на Private Print во која се вклучени дизајнерски решенија на зин во унифициран А3 формат. Секој зин ќе биде оригинално дизајниран во соработка со наш или интернационален уметник, со цел да биде медиум за нивна промоција и поддршка. Секој зин ќе биде нумериран, во лимитиран тираж од 50 примероци и ќе излегува повремено во текот на годината.

Ана Јовановска (1991; Куманово, Македонија) е уметник и графички дизајнер. Дипломира и магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија на отсекот графика. Студира како Еразмус стипендист и на Факултетот École supérieure d›arts & médias de Caen/ Cherbourg во Франција. Учествува на бројни самостојни и групни изложби, партиципативни проекти, а работи на проект поврзан со книгата како уметнички израз, изработувајќи ја не комерцијалната книга Collection of False Memories, промовирана 2014 и 2016 година. Изјава на авторката: „Овој zine е еден обид да се пренесе една визуелна кратка но целовита приказна на ограничен простор. Тематиката е сумирана во насловот „По трагите“ според кој се бележат и испишуваат различни, навидум, спротивни состојби на човекот со природата и општеството. Имено, целта на секоја посебна страна е да може да егзистира како дело и сама по себе независно од другите. Предизвикот се состои во селекцијата на релациите кои се прикажуваат и испитуваат: по трагите на виноста - на невиноста, по трагите на општеството - на природата, по трагите на староста - искуството... Сите воедно се предизвикувачи и носители на некој белег, траг, отпечаток.“

  • copyright © 2019 privateprint

Регистрација