Friends of PrivatePrint Fund

Заедница на лојални поддржувачи кои на годишно ниво ќе ги поддржуваат активностите за печатење и продукција на книгите на PrivatePrint.

Friends of PrivatePrint Fund има за цел да воспостави наменски финансиски ресурс за поддршка на печатарските и продукциските активности на издавачката практика на PrivatePrint. Оваа заедница на поддржувачи е суштинска поради големиот економски јаз помеѓу високите цени, пред сè, за печатарските услуги и скромните приходи од продажбата на финално отпечатените книги. Ова е особено точно за книги како нашите, кои експериментираат и со формата и со содржината на книгата. Дополнително, постои и забележителен недостиг на грантови и спонзори кои имаат волја да финансираат проекти-книги, преку кои би се покриле неопходните продукциски трошоци (печатење и подготовка за печатење, лектура и коректура). Овие финансиски предизвици се огромна борба за малите независни издавачи, заканувајќи се на нивното опстојување и ограничувајќи ја нивната можност да придонесат во збогатување на културниот пејзаж. Со создавањето на оваа заедница на поддржувачи се обидуваме да ги намалиме овие финансиски притисоци и да овозможиме PrivatePrint да продолжи да произведува разновидни и влијателни книги.

И повеќе од ова, Friends of PrivatePrint Fund има цел која ја надминува финансиската поддршка. Овој фонд сака да создаде заедница на истомисленици кои ги споделуваат вредностите за демократизација на културата и градење културни инфраструктури. Заедно можеме да ги засилиме гласовите на уметниците и на културните работници, особено на оние што работат со горливи општествени теми и се борат да најдат поддршка и простор за израз.

Станете пријател на PrivatePrint, бидејќи вистинските пријатели се познаваат во тешки моменти!

Ако се приклучите меѓу пријателите на PrivatePrint, ги поддржувате следните книги во изработка:

„Економија на истрајност – 10 години PrivatePrint“ од повеќе автори

„Мило ми е што се запознавме“ (работен наслов), Јоргос Маразиотис

„Музејот однатре – За архитектонската имагинација на музеите“, Мери Батакоја

„Издаваштвото како соработничка практика, издание од Приштина: Личните наративи како институционално семе“ од повеќе автори

Станете наш пријател, одберете го вашиот пакет

Можете да нè поддржите со избрана сума од пакетите подолу и да станете дел од заедницата на нашите пријатели. Секој пакет важи една година од датумот на плаќање и доаѓа со подароци.

Откако ќе го изберете вашиот пакет, пишете ни порака на info@privateprint.mk со избраниот пакет, вашето име и адреса, а ние ќе ви испратиме понатамошни информации.

* Можете да ја користите истата е-адреса за дополнителни прашања.


Пакети за членство во Фондот на пријатели на PrivatePrint:

Годишен пакет 1: 50 ЕУР / 3075 МКД

Добијте:

  • A Book of Nine Books од Илија Прокопиев и Марија Христова
  • Платнена капа извезена со логото на PrivatePrint (видете ги боите и димензиите ТУКА)

Годишен пакет 2: 100 ЕУР / 6150 МКД

Добијте:

  • 50% попуст на сите наши книги за една година
  • Платнена капа извезена со логото на PrivatePrint (видете ги боите и димензиите ТУКА

Годишен пакет 3: 200 ЕУР / 12300 МКД

Добијте: 

  • A Book of Nine Books од Илија Прокопиев и Марија Христова
  • 20% попуст на сите наши книги за една година
  • Платнена капа извезена со логото на PrivatePrint (видете ги боите и димензиите ТУКА
  • И посебен подарок: пристап до нашето студио за да организирате еден настан во текот на годината