Logo

  • mk
  • \
  • en
Menu
  • дома
  • издаваштво
    • книги
    • останати продукти
  • студио
    • настани
    • VR Studio
    • PrivatePrint Meets
    • архива
    • блог
    • документи
  • графички дизајн
  • за нас
    • што работиме
    • Q&A
    • дистрибуција
    • контакт
  • поддршка
  • HIDEOUT
    од Симон Коцјанчич
  • The beauty of transience - A statement on anti-artworks
    од Викторија Попоска
  • ЗА МУЗЕЈОТ ВО УРНАТИНИ
    од Даглас Кримп
  • Melancholy of the Abandoned Lands
    од Невена Алексовски
  • I used to be a lovely boy but turned out queer – an archive of personal belongings
    од Јован Јосифовски
  • I would rather die than be uncomfortable
    од Душан Стефановски
  • Prototyping tenderness: a personal log of a dying world
    од Клелија Живковиќ
  • SKIP AD
    од Ѓорѓи Десподов
  • At an angle of 45°
    од Ивана Мирчевска
  • FOLDED
    од Зоран Шекеров
  • 15 Horror Stories by Women Workers
    од Кристина Божурска
  • Кратка историја на курирањето
    од Ханс Улрих Обрист
  • Space Composition
    од Марта Шиндил
  • Споменик на слободата - разговорник
    од Елена Чемерска
  • An Incomplete Manifesto for Growth
    од Брус Мау
  • The Curatables
    од Ефемерки
  • SYNTHETIC IMPRESSIONS
    од Бисера Крцковска
  • На Скопје, со љубов! - Архитектонската мисла на Живко Поповски
    од Анета Христова - Поповска, Мери Батакоја
  • ART IS NOT WHAT YOU WANT
    од Доротеј Нешовски
  • Growing
    од Дарко Алексовски
  • Атлас на човековото тело по Аристотел
    од Илија Прокопиев
  • Незавршена монографија: Јелена Ристеска
    од Илија Прокопиев, Марија Христова

At an angle of 45°
од Ивана Мирчевска

600 МКД

“At an angle of 45°” („Под агол од 45°“) е првата уметничка книга на Ивана Мирчевска. Како уметница којашто примарно го користи видеото како медиум за израз, таа од таму поаѓа и во концептот на оваа книга. Таа предлага можен начин на гледање на нештата, односно нивно допирање под агол од 45°, во средината на вертикалната и хоризонталната оска. Ова има за цел да ја дестабилизира нормираната перцепција и ориентација на гледачот. Користејќи различни огледала, екрани и површини, како и подвижни хоризонти, внатрешни и надворешни пејзажи, Мирчевска развива специфичен визуелен јазик и нарација за да ја постигне оваа цел. Книгата, така, го пренесува гледачот на место каде што гледањето не значи само гледање во еден правец, туку перципирање на мноштво слики, допирање и искусување на средината во целина.


Година: 2021
Димензии: 23,5х14 см
Број на страници: 112
Тираж: 300
Јазик: англиски

*Печатено на хартија Федригони Арена со FSC сертификат.


Уредник: Илија Прокопиев
Помошник-уредник: Марија Христова
Лектура: Ива Димовска



Проектот е поддржан од Prince Claus Fund for Culture and Development

  • Mail
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Behance
  • Youtube
  • Linkedin
  • copyright © 2023 privateprint

Сакате да ги поддржите нашите активности? Прочитајте како можете да го сторите тоа!


Со поддршка на нашите активности ја поддржувате младата и прогресивна уметничка сцена која се бори за подобра видливост, средства и простор за израз во рамките на културната сцена.
Како прв издавач на уметнички книги во Скопје, Северна Македонија, основан во 2016 година, PrivatePrint цели кон објавување и поддршка на уметнички книги и на млади уметници кои работат надвор од востановените институционални рамки. Уште од самиот почеток, паралелно со издавачката програма се разви и разновидна непрофитна програма која вклучува изложби, промоции, меѓународни презентации, блог и онлајн активности и слично. Со оваа програма започнува работата на PrivatePrint Studio како уметнички и изложбен простор, кој потоа беше официјализиран како здружение во 2018 година со цел понатамошен развој на својата мисија. Преку своите активности студиото цели да создаде платформа за истражување и претставување на уметнички книги,дизајн и други медиуми на израз во современата уметност видени во поширок социо-културен контекст. Работи на подобра видливост и поврзување на уметниците и уметничките практики, како во локалниот контекст, така и преку размена на идеи на меѓународен план.
Затоа ни е потребна вашата поддршка, за да ја одржиме редовната работа на студиото и да отвориме повеќе можности за младите уметници да ја развиваат и претставуваат својата работа.
Можете да бидете донатор, спонзор или, пак, да се пријавите за годишна претплата на публикациите на PrivatePrint! Прочитајте повеќе и контактирајте нѐ!

 

Донирајте!


Можете да бидете донатор, да ги поддржите непротифитните активности на студиото и да ни помогнете да се развиваме. Сите донатори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, освен ако не сакате да бидете анонимни. 


Доколку сакате да направите лична донација (физичко лице) со сума по ваш избор, можете да го направите тоа на следните сметки:


Во Северна Македонија:
Здружение Студио ПРИВАТЕН ПРИНТ Скопје
Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4 1000 Скопје
Број на сметка: 300000004181609
Банка: Комерцијална банка АД Скопје


Меѓународно:
Strudio PRIVATEN PRINT Skopje
bul. "Partizanski odredi" 62/1-4 1000 Skopje, North Macedonia
IBAN: MK07300701003635721
SWIFT: KOBSMK2X


Доколку сте компанија, институција или слично (правно лице) и сакате да направите донација, ве молиме да нѐ контактирате за повеќе информации >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Бидете спонзор!


Можете да бидете спонзор на конкретен проект. Контактирајте нѐ за повеќе информации за нашите тековни или идни уметнички проекти. Сите спонзори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, а нивната поддршка со благодарност ќе биде назначена и на сите промотивни материјали за проектот.


Тековни проекти кои можете да ги поддржите:
Emerging Concepts Edition 
Изложби во соседството (минати изложби во рамки на програмата: Ледиа Костандини, Илија Прокопиев, Марта Шиндил)
 


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Претплата 2020


Можете да се пријавите за годишна претплата на изданијата на PrivatePrint. Бидете првиот што ќе ги добие нашите уметнички книги од 2020 директно на вашата адреса. Дополнително, добивате попуст од 10% на сите други публикации на PrivatePrint.


Годишна претплата - 2000 МКД \ 33 ЕUR


* Бесплатна достава на книгите во Северна Македонија.
** За цените за меѓународна достава пишете ни мејл.


Следете ја нашата веб-страница и социјалните профили (Facebook \ Instagram) за повеќе информации за книгите за 2020 година.


За повеќе информации и за деталите за плаќање контактирајте нѐ >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

Регистрација