Изложбата насловена “I look at them, they look back at me” на албанската уметничка Ледиа Костандини, во Студиото PrivatePrint, подразбира серија од дела во различни медиуми кои претставуваат импресии, умствени слики и метафори за балконот и за животот на него. Концептот оттука се гради во насока која ги преиспитува врските помеѓу приватното и јавното преку самите дела и преку нивното позиционирање и во внатрешниот и во надворешниот простор на Студиото. На тој начин, изложбата природно се поврзува со практиката на самото Студио PrivatePrint, каде границите помеѓу приватнто и јавното се испреплетуваат и, постојано, се преобмислуваат.

Изложбата е дел од програмата „Изложби во соседството“ на Студиото PrivatePrint. Во 2019 оваа програма беше кофинансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.