Logo

  • mk
  • \
  • en
Menu
  • дома
  • издаваштво
    • книги
    • останати продукти
  • студио
    • настани
    • VR Studio
    • PrivatePrint Meets
    • архива
    • блог
    • документи
  • графички дизајн
  • за нас
    • што работиме
    • Q&A
    • дистрибуција
    • контакт
  • поддршка
  • Страв од височина (VR exhibition)
    17.11.2022 @ Студио PrivatePrint
  • Eris (VR Exhibition)
    15.10.2022 @ Студио PrivatePrint
  • (de)structural (VR Exhibition)
    09.08.2022 @ Студио PrivatePrint
  • Flowing (VR Exhibition)
    25.04.2022 @ Студио PrivatePrint
  • Traces (VR Exhibition)
    27.10.2021 @ Студио PrivatePrint
  • Incorporeal (VR Exhibition)
    03.09.2021 @ Студио PrivatePrint
  • Stepping into the cornfield (VR Exhibition)
    29.06.2021 @ Студио PrivatePrint
  • Workplace (VR Exhibition)
    27.07.2020 @ Студио PrivatePrint

Eris (VR Exhibition)
Поглед 360° 15.10.2022 @ Студио PrivatePrint

Со Ема Велковска соработуваме на виртуелната изложба Eris („Ерида“) во нашето VR Studio.

 

Врската што ја прави Ема Велковска, меѓу дигиталниот свет и божицата од грчката митологија Ерида, е многу прониклива. Ерида е божица на раздорот и хаосот и нè потсетува на митот за јаболкото на раздорот што доведе до познатата Тројанска војна, во таа насока дигиталниот свет, особено светот на социјалните медиуми, лесно може да личи на оваа приказна. „Ерида“ е виртуелна изложба за новите реалности, новите услови за живеење и за денешниот човек. На свој начин, Ема објаснува дека животот со технологијата се пресекува со хаосот. Таа додава дека хаосот е широко прифатен како негативна состојба дефинирана со замор, анксиозност и несоница. Сепак, во исто време, тоа е природна состојба на постоењето што нè одржува во живот или ни дава сила да преживееме и да се трансформираме.

 

На изложбата, посетителот е добредојден да ја доживее оваа конфузност како прошетка во еден стан - сервер со премногу информации од виртуелни форми и текстури, придружена со звуци и женски глас.

 

ТИМ Уметница: Ема Велковска | 3-Д дизајнер: Борко Хаџиевски | куратор: Илија Прокопиев | програмер: Милан Насевиќ | Координаторка: Марија Христова | Музика: Сашо Пуцковски / Noitu | Приказна: Калија Киселички | Посебна благодарност до: Емилија Видовиќ, Небојша Васовиќ и Игор Пачемски 

 

Кликнете на копчето Поглед 360° во горниот десен агол, за да ја погледнете изложбата!
Упатство за најдобро да ја доживеете оваа виртуелна изложба:
1. За подобро искуство отворете ја изложбата на мобилен телефон. 
2. Кликнете на првото копче на лентата со алатки на изложбата погоре, за да ја отворите на цел екран (доколку менито ви ја дозволува ова опција). 
3. Кликнете allow за звук, за целосно доживување.


PrivatePrint - VR Studio е колаборативна програма за курирање и дизајнирање виртуелни изложби. Програмата е започната по идеја на архитектот и 3Д-дизајнерот Борко Хаџиевски, еден од основачите на PrivatePrint Studio и наш долгогодишен соработник, кој ја изработи виртуелната верзија на нашето студио. На даден предлог од уметник, тимот на PrivatePrint - VR Studio курира, моделира и просторно дизајнира изложба целосно поставена во виртуелниот простор.
VR Studio 2022 е кофинансирано од Министерството за култура на Северна Македонија и е овозможено преку активностите во серијата средби PrivatePrint Meets, финансирана преку Prince Claus Network Partnership Programme.

  • Mail
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Behance
  • Youtube
  • Linkedin
  • copyright © 2023 privateprint

Сакате да ги поддржите нашите активности? Прочитајте како можете да го сторите тоа!


Со поддршка на нашите активности ја поддржувате младата и прогресивна уметничка сцена која се бори за подобра видливост, средства и простор за израз во рамките на културната сцена.
Како прв издавач на уметнички книги во Скопје, Северна Македонија, основан во 2016 година, PrivatePrint цели кон објавување и поддршка на уметнички книги и на млади уметници кои работат надвор од востановените институционални рамки. Уште од самиот почеток, паралелно со издавачката програма се разви и разновидна непрофитна програма која вклучува изложби, промоции, меѓународни презентации, блог и онлајн активности и слично. Со оваа програма започнува работата на PrivatePrint Studio како уметнички и изложбен простор, кој потоа беше официјализиран како здружение во 2018 година со цел понатамошен развој на својата мисија. Преку своите активности студиото цели да создаде платформа за истражување и претставување на уметнички книги,дизајн и други медиуми на израз во современата уметност видени во поширок социо-културен контекст. Работи на подобра видливост и поврзување на уметниците и уметничките практики, како во локалниот контекст, така и преку размена на идеи на меѓународен план.
Затоа ни е потребна вашата поддршка, за да ја одржиме редовната работа на студиото и да отвориме повеќе можности за младите уметници да ја развиваат и претставуваат својата работа.
Можете да бидете донатор, спонзор или, пак, да се пријавите за годишна претплата на публикациите на PrivatePrint! Прочитајте повеќе и контактирајте нѐ!

 

Донирајте!


Можете да бидете донатор, да ги поддржите непротифитните активности на студиото и да ни помогнете да се развиваме. Сите донатори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, освен ако не сакате да бидете анонимни. 


Доколку сакате да направите лична донација (физичко лице) со сума по ваш избор, можете да го направите тоа на следните сметки:


Во Северна Македонија:
Здружение Студио ПРИВАТЕН ПРИНТ Скопје
Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4 1000 Скопје
Број на сметка: 300000004181609
Банка: Комерцијална банка АД Скопје


Меѓународно:
Strudio PRIVATEN PRINT Skopje
bul. "Partizanski odredi" 62/1-4 1000 Skopje, North Macedonia
IBAN: MK07300701003635721
SWIFT: KOBSMK2X


Доколку сте компанија, институција или слично (правно лице) и сакате да направите донација, ве молиме да нѐ контактирате за повеќе информации >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Бидете спонзор!


Можете да бидете спонзор на конкретен проект. Контактирајте нѐ за повеќе информации за нашите тековни или идни уметнички проекти. Сите спонзори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, а нивната поддршка со благодарност ќе биде назначена и на сите промотивни материјали за проектот.


Тековни проекти кои можете да ги поддржите:
Emerging Concepts Edition 
Изложби во соседството (минати изложби во рамки на програмата: Ледиа Костандини, Илија Прокопиев, Марта Шиндил)
 


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Претплата 2020


Можете да се пријавите за годишна претплата на изданијата на PrivatePrint. Бидете првиот што ќе ги добие нашите уметнички книги од 2020 директно на вашата адреса. Дополнително, добивате попуст од 10% на сите други публикации на PrivatePrint.


Годишна претплата - 2000 МКД \ 33 ЕUR


* Бесплатна достава на книгите во Северна Македонија.
** За цените за меѓународна достава пишете ни мејл.


Следете ја нашата веб-страница и социјалните профили (Facebook \ Instagram) за повеќе информации за книгите за 2020 година.


За повеќе информации и за деталите за плаќање контактирајте нѐ >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

Регистрација