#PAPERWORKS е нова зин колекционерска едиција на Private Print во која се вклучени дизајнерски решенија на зин во унифициран А3 формат. Секој зин ќе биде оригинално дизајниран во соработка со наш или интернационален уметник, со цел да биде медиум за нивна промоција и поддршка. Секој зин ќе биде нумериран, во лимитиран тираж од 50 примероци и ќе излегува повремено во текот на годината.
Ледиа Костандини (1983; Тирана,Албанија) е уметник и илустратор, која живее и работи во Тирана. Нејзината уметничка практика вклучува рзлични медиуми: фотографија, сликање, инсталација, интервенција, илустрација и сл. Од 2008 учествува на самостојни и групни изложби, резиденции и уметнички саеми, во Албанија и во странство. Од 2006 работи како илустраторка и соработува со дел најважните издавачки куќи во Тирана. 2017 година ја објавува својата прва самостојна авторска книга, наречена Zing City. Книгата во моментов е дел од изложба насловена Visiones Polychromes во Брије, Франција. Изјава на авторката: „Сакав да направам комични композиции користејќи слики кои ги фотографирам секојдневно низ градот, забавувајќи се со нештата кои ги наоѓам низ урбаните слоеви. Користев различни форми на балкони кои се често импровизирани и наменети за привремен престој. И јас секако сакав да додадам и малку фантазија на различните мотиви. Сето тоа се разви во нешто во кое двосмислено го вреднувам недвижниот имот (Immobile), засновајќи се на препораки за автомобили (Automobiles).