Работилница „Имагинарни архиви“ и истражувачко патување

За време на својот престој, Серато и Халс ја спроведоа својата работилница „Имагинарни архиви“, на која учесниците беа поканети да замислат како локалниот пејзаж би изгледал во иднината, имајќи ги на ум предвидувањата за опустинување на Јужна Европа врз основа на веќе видливите промени во животната средина. Во рамките на овој престој, тие направија и истражувачко патување на локации во Северна Македонија каде што опустинувањето е особено изразено. Овој престој е дел од проектот со работен наслов „Опустинување на Европа“ (Desertification of Europe) на Хајоне Серато и Џон Халс, кој резултираше со објавување на нивната книга Ministry for Nature, oбјавенa во рамки на Emerging Concepts Edition на PrivatePrint, во 2024 година.


Хајоне Серато (живее во Германија) и Џон Халс (живее во Велика Британија) (cerrato-halls.com) развиваат соработничка практика насочена кон теми поврзани со поимот за вредност и нејзиното создавање во рамки на современите општества. Нивниот пристап е мултидисциплинарен.