Тиа Чичек е кураторка, писателка и истражувачка. Ја правеше програмата на галеријата Шкуц од 2020 до 2025 година и во моментов е една од водечките на Школата за кураторски практики и критичко пишување „Свет на уметноста“ во Љубљана и соработува со „Маска“ Љубљана, прокукциска и издавачка куќа за перформативни уметности. За време на резиденцијата, Тиа го водеше разговорот со Лара Рајхман, како дел од нејзината изложба „Тела за еднократка употреба“ во PrivatePrint Studio. Тиа исто така одржа и состаноцсо уметници и културни работници и посети културни простори во Скопје, во полето на уметничките практики на заедницата.

Уметнички разговор „Прошетка низ архивата“, Лара Рајхман во соработка со Тиа Чичек, фотографија: Валентина Миладинова

Резиденцијата на Тиа Чичек е организирана во соработка со Тиииит! Инк. и поддржана од Kvinna till Kvinna и Амбасадата на Шведска во Скопје.