Промотивни денови: 23 - 30 декември 2025, 14 - 20 часот
Презентации на уметници: 23 и 24 декември 2025, 18 - 20 часот
PrivatePrint Studio: Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4, Карпош-Скопје
--
На крајот од годината ве каниме на промотивен настан на нашата последна книга, „Книга на девет книги“ („A Book of Nine Books“) од Илија Прокопиев и Марија Христова и разговори со Ивана Мирчевска, Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ, Јован Јосифовски, Викторија Попоска, Џемилиана Абдулова, Христина Крстеска, Викторија Мачковска и Хана Корнети, Ивана Чалоска и Димитар Самарџиев.
На крајот од годината во која славиме декада од постоењето на PrivatePrint, дојдете да ја прославиме и оваа книга, да отстапиме простор за новите проекти на уметниците со кои соработувавме (што всушност беше и самата суштина на проектот во кој овие соработки почнаа) и да си посакаме малку поубава нова 2026 година.
Програма на настанот
Презентации на уметници:
23 декември, 18 - 20 часот: Ивана Мирчевска, Христина Крстеска и Клелија Живковиќ
24 декември, 18 - 20 часот: Џемилиана Абдулова, Димитар Самарџиев и Викторија Мачковска
Промотивни денови:
23-30 декември, 14 - 20 часот
Во овој промотивен период, можете да ја погледнете мултимедијалната поставка на дела од Џемилиана Абдулова, Христина Крстеска и ексклузивна прошетка низ новата виртуелна изложба „Накосени соништа“ од Клелија Живковиќ и Ѓорѓи Десподов, дизајн и уметничко водство на Борко Хаџиевски, курирана од Илија Прокопиев.
Само во овој период, сите наши публикации ќе бидат на попуст од 50%, а подготвивме и специјални тематски пакети со селекција од нашите книги за уште поголем попуст.