A Small Roma Memory Book

од Џемилиана Абдулова
10 ЕУР

A Small Roma Memory Book од Џемилиана Абдулова е лична збирка текстови, изјави, слики и одбрана културна активност на ромската традиција со која авторката пораснала како млада културна работничка. Среде различните насоки, сфаќања и размислувања за ромската култура во локалната заедница и општиот недостаток на материјални документи за историјата, традицијата и секојдневието на Ромите, оваа книга претставува мало интимно парче од сложувалката на поголемата слика на Ромите. Реферирајќи се на претежно усното пренесување на ромската традиција, секвенците од спомени, деловите што недостасуваат, сликите и значењата, се испреплетуваат со приказни и текстови на луѓе кои се важни за Џемилиана, со што се создава сликата за тоа што за неа значи Ромаипе - ромскиот идентитет.

Книгата содржи авторски текст на Џемилиана надополнет со изјави од уметници, дизајнери и музичари: Муамед Маликовски, Џамбо Агушев, Амет Јашар, Сами Осман, Симеон Атанасов, Ернест Ибраимовски, Фејме Мустафова и Хајдар Зекир, а вклучува и текстови од Севдија Демирова Абдулова, Мирдита Салиу и Љатиф Демир, како и фотографска секција од архивите на Џемилиана Абдулова, Сами Осман, Театар Рома и Муамед Маликовски. 

Проектот е поддржан од Prince Claus Fund for Culture and Development

  • Јазик: Англиски / Ромски
  • Година: 2023
  • Димензии: 14 x 9.8 cm
  • Број на страници: 240
  • Повез: Тврд повез
  • ISBN: 9786084960058