Let It Return

од Essential Services (Андреа Стивс и Енар де Диос Родригез)
25 ЕУР

Со прилози од Морехшин Алајари, Јосу Арангуена и Себастијан Аречедера, Имани Џаклин Браун, Деколонајз дис плејс, Чоконочтлетл Гомора, Килуанџи Киа Хенда, Чао Тајана Мајна и Молемо Моила, Силви Нџобати, Анураг Заксена, Ана Сладојевиќ, Дима Сруџи

„Во рамките на оваа книга, им отстапуваме простор на гласовите кои зборуваат за кражбата како главна механика и систем на поддршка преку кои се формирани депоата и витрините на многу современи институции. Овие гласови ги предизвикуваат стандардните наративи за зачувување и пристап до нив, разоткривајќи го насилството, угнетувањето и експлоатацијата скриени во нив.

Оваа публикација е збирка на документи, примери и средби собрани преку нашето истражување, но и преку ангажманот со поширокиот, постојан проблем што го бара нашето колективно внимание, а тоа е империјалното наследство осифицирано во културните институции. Преку оваа збирка, ги покануваме читателите да ни се придружат во процесот на одучување: да ја преиспитаат претпоставената фактичност на институционалните тврдења, да замислат и да прифатат алтернативни реалности и да земат учество во тековната работа за разбивање на имеријалните наследства во културните институции и пошироко. Ова не е неутрален потфат, туку неопходен чекор кон културно ослободување и реализација на тоа што треба да дојде.“ - Essential Services (Енар де Диос Родригез, Андреа Стивс)

  • Јазик: Англиски
  • Година: 2024
  • Димензии: 23.5x16.5 cm
  • Број на страници: 200
  • Повез: Мек повез
  • ISBN: 9786084838159