SKIP AD

од Ѓорѓи Десподов
10 ЕУР

SKIP AD е првата уметничка книга на графичкиот дизајнер Ѓорѓи Десподов. Десподов создава игрив уметнички метод наречен „Сесија за себепронаоѓање“, составен дел од книгата SKIP AD. Преку овој метод, кој е критички свртен кон масовниот конзумеризам, Десподов ја отвора можноста за сојузништво помеѓу графичкиот дизајнер и нас, односно корисниците. Графичкиот дизајн користи механизми насочени кон потребите на корисниците; овој проект ги користи истите механизми со цел да нè насочи кон спознавање на нашите индивидуални и суштински потреби. Па така, овој чин на спознавање, истовремено претставува и чин на отпор, но и можност за создавање на еден нов визуелен свет. 

Проектот е поддржан од Prince Claus Fund for Culture and Development

  • Јазик: Англиски
  • Година: 2021
  • Димензии: 21 x 14.8 cm
  • Број на страници: 152
  • Повез: Мек повез
  • ISBN: 9786084960010