EXH.\\ КЛЕЛИЈА ЖИВКОВИЌ: Светло минато е пред нас - Уште еден чекор, и оживуваме
„Светло минато е пред нас“ е групна изложба курирана од Илија Прокопиев и Марија Христова (PrivatePrint), првично создадена и поставена во галеријата „Шкуц“ во Љубљана во јуни 2025 година. Во 2026 година, се сели во PrivatePrint Studio како дисперзирана програма од пет мали самостојни изложби во текот на целата година.
„Уште еден чекор, и оживуваме“, просторната инсталација на Клелија Живковиќ, го истражува оживувањето како радикална форма на отпор, отелотворен одговор на системите што функционираат на основа на угнетување, наследен срам и емоционално потиснување. Инсталацијата го истакнува најзначајниот творечки метод на уметницата, а тоа е пишувањето. Извадоци од дневници, белешки од истражувачки процеси и фрагменти од проектни апликации од изминатите пет години во просторот на студиото визуелно се транформираат во читачка соба. Делото го прославува писмото како метод на себеспознание, а пишувањето како чин на заедништво и отворање кон другоста.
Клелија Живковиќ (р. 1989) е трансдисциплинарна уметница од Скопје. Со формално образование во повеќе дизајнерски дисциплини, нејзината практика се поставува како теоретски, материјален и искуствен увид во границите; физичките, психолошките, емоционалните и спиритуалните бариери преку кои се разбираме себеси како суштества што заземаат простор и воспоставуваат врски со своето опкружување.
Изданието на „Светло минато е пред нас“ во 2026, е кофинансирано од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија и Амбасадата на Шпанија во Скопје.
Во склоп на отворањето на изложбата се одржа разговор меѓу уметницата и Душица Лазова. Програмата на уметнички разговори е курирана од Јана Старделова и организирана во соработка со Tиииит! Инк. Skopje, а поддржана од Kvinna till Kvinna и на Амбсадата на Шведска во Скопје.
Фотографии: Филип Бојковски