EXH.\\ ЛАРА РАЈХМАН: Светло минато е пред нас - Тела за еднократна употреба
„Светло минато е пред нас“ е групна изложба курирана од Илија Прокопиев и Марија Христова (PrivatePrint), првично создадена и поставена во галеријата „Шкуц“ во Љубљана во јуни 2025 година. Во 2026 година, се сели во PrivatePrint Studio како дисперзирана програма од пет мали самостојни изложби во текот на целата година.
„Тела за еднократна употреба“, видео инсталација од Лара Рајхман, ги преплетува историските факти и фикцијата, црпејќи од приказната за жените астрономски компјутери, жени вработени во опсерваторијата Харвард кон крајот на 19 век, кои документираат и мапираат ѕвезди на ноќното небо. Видео инсталацијата, со својата историска позадина и самата поставка, користи метафора и поетски наратив за да го постави прашањето кој останува запаметен и како телата стануваат алатки во системи базирани на податоци.
Лара Рајхман (1995) е визуелна уметница од Љубљана, Словенија, која работи во областа на видео, анимација и дигитална графика. Комбинирајќи историски фрагменти со фиктивни наративи, таа (пре)обмислува приказни за заборавени, избришани или недостижни места, како и фигури кои постојат на маргините на запишаната историја. Нејзините неодамнешни проекти се фокусираат на слики од далечинско набљудување и фотографија како алатки за екстракција на податоци, преиспитувајќи ја објективноста на таквиот визуелен материјал и дисперзираната гледна точка што ја овозможуваат дигиталните технологии. Преку употреба на кинематографски и театарски елементи, таа истражува различни пристапи кон раскажувањето приказни во рамките на изложбените простори.
Инсталацијата на Лара Рајхман во Скопје е реализирана во копродукција со галеријата „Шкуц“ Љубљана. Изданието на „Светло минато е пред нас“ во 2026, е кофинансирано од Министерството за култура на Северна Македонија.
Во склоп на изложбата беше остварен и уметничкиот разговор „Прошетка низ архивата“ на Тиа Чичек со Лара Рајхман. Програмата на уметнички разговори е курирана од Јана Старделова и организирана во соработка со Tиииит! Инк. Skopje.
Фотографии: Александра Костадиновска