Серија партиципативни работилници и јавен настан од Јудит Милц

Серија работилници:

вторник, 13 мај | сабота, 17 мај

вторник, 20 мај | сабота, 24 мај

17:00 часот, некаде во центарот на Скопје

Работилниците се отворени и бесплатни за сите заинтересирани. Сепак, потребна е регистрација, а локацијата ќе им биде откриена само на регистрираните учесници! (Видете подолу)

Јавен настан:

петок, 30 мај, во 18:00 часот, PrivatePrint Studio, Скопје

\\

Што ако еден град се третира како детективски случај – нерешен, отворен и полн со тивки индиции? Оваа работилница ги кани учесниците да го погледнат Скопје преку серија интуитивни, спекулативни и игриви вежби што произлегуваат од самата практика на уметницата: мешавина од дериват, магично размислување и набљудувачко лебдење.

Наместо да бараме јасни одговори, ќе ја прифатиме контрадикцијата, случајноста и поетската логика на љубопитноста. Заедно, ќе се вклучиме во гестови на нежно истражување – ќе следиме кучиња скитници, ќе чукнеме на спомениците, ќе трасираме невидливи врски – за да го изостриме нашиот поглед кон ситните нарушувања и повеќеслојните наративи од секојдневниот живот.

Учесниците ќе увидат како самонаметнатите планови можат да ја променат перцепцијата, како личното набљудување се испреплетува со поширок контекст и како да се движат низ градот не како фиксна структура, туку како жива, рецептивна мапа на значење. Целта не е да се реши случајот Скопје, туку да се погледне под друг агол – со внимание, со сомнеж и со љубопитност.

Јудит Милц е на четиринеделен престој во Скопје, кој го посветува на можноста нежно погрешно да го чита градот. Четирите работилници се дел од нејзиниот процес на набљудување, а учесниците се поканети да се обидат да ги истражат урбаните појави преку разновидни уметнички техники. Со помош на Јохана Шефер, сите наоди можат да завршат во отворена публикација.

>> Сите заинтересирани се поканети да учествуваат, а можете да си поканите и пријател. Ве молиме регистрирајте се со порака (DM или marija@privateprint.mk) за да ни кажете на кој датум сакате да ни се придружите (видете ги датумите погоре). Местото на средбата ќе им го откриеме само на тие што ќе се регистрираат. Можете да се регистрирате за повеќе датуми.

\\

Јудит Милц (родена 1989 година) е интердисциплинарна уметница која живее и работи во Карлсруе и Берлин, Германија. Во своите дела, Јудит ги истражува и развива можностите на скулпторската, перформативната, фотографската или новинарската нарација. Таа е заинтересирана за случајните и секојдневните процеси, за ситуациското и за анегдотското.

\\

Резиденцијата на Јудит Милц е финансирана од Гете-институтот Скопје, во рамки на проектот „Кругови на привремено спојување“, дел од програмата за престој на уметници и културни работници на PrivatePrint.