Ministry for Nature - Tales of a climate world order

од Хајоне Серато and Џон Халс
25 ЕУР

Што ако ја ставиме природата на прво место? Како би изгледал светот во 2050 година и како нашиот живот би се трансформирал ако она што е најбитно за природата е над тоа што е битно за нас? Како би се чувствувале во сето тоа? Книгата се интересира за тоа што би можело да се случи ако им дадеме шанса на системите што нè одржуваат, кои долго време се запоставени, да просперираат. И за тоа како ние би се снашле со промените потребни да се избегне климатската катастрофа.

Авторите Хајоне Серато и Џон Халс спекулираат за свет во кој природата е ставена на прво место. Имагинарниот свет на книгата е развиен преку истражувачки процес што вклучуваше интервјуа и работилници, теоретско истражување и теренско патување, преку кои се собра материјал од заедницата што е најмногу засегната од климатските промени во Европа – граѓаните и природата на Јужна Европа. Ова експериментално дело на визуелна и спекулативна фикција нè носи на патување во иднината за да нè соочи со промените на природата кои ќе ги видиме, а за кои мораме денеска да направиме и да бараме промена!

  • Јазик: Англиски
  • Година: 2024
  • Димензии: 21 x 16 cm
  • Број на страници: 280
  • Повез: Мек повез
  • ISBN: 9786084838142