Logo

  • mk
  • \
  • en
Menu
  • дома
  • издаваштво
    • книги
    • останати продукти
  • студио
    • настани
    • VR Studio
    • PrivatePrint Meets
    • архива
    • блог
    • документи
  • графички дизајн
  • за нас
    • што работиме
    • Q&A
    • дистрибуција
    • контакт
  • поддршка
  • Игор Таневски зборува за својата уметничка практика насочена кон теми за природата, новите технологии и за соработничкиот принцип
    Разговор
  • Имагинарни архиви - работилница за преосмислување на пејзажите од иднината
    отворен повик
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (трет дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (втор дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (прв дел)
    Сара Ахмед
  • Горан Ристовски зборува за односот кон просторот и за еколошкиот аспект на неговата уметничка практика
    Разговор
  • Ива Станковска зборува за својата уметничка практика, експериментирањето со материјалот и за предизвикот да го трансформира галерискиот простор
    Разговор
  • Драгана Пендовска зборува за својата млада уметничка практика и за виртуелната изложба Stepping into the cornfield
    Разговор
  • Кристина Божурска зборува за нејзината книга 15 Horror Stories by Women Workers и за можностите на уметноста како активизам
    Разговор
  • 15 HORROR STORIES BY WOMEN WORKERS - TRANSLATED
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS EDITION
  • Елена Чемерска зборува за својата уметничка практика и за проектот Споменик на слободата
    Разговор
  • ЏЕЗ
    Анри Матис, Џек Флам
  • ЛЕДИА КОСТАНДИНИ ЗБОРУВА ЗА КНИГАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЈАВНИОТ ПРОСТОР ВО НЕЈЗИНАТА ПРАКТИКА
    Разговор
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS Edition
  • Саемот на книги како уметничка практика
    Марија Христова
  • За изложбата Never Not in Love
    Разговор
  • Улис: место на средба помеѓу Џојс и Матис
    Ива Димовска
  • КАКО ГИ НАПРАВИВ МОИТЕ КНИГИ
    Анри Матис, Џек Флам
  • Уметнички публикации: Art Basel и околните саеми
    Марија Христова
  • Курирање на знаењето: Проектот на Везалиус
    Илија Прокопиев
  • Улис: издавачки белешки
    Ива Димовска
  • НЕДА ФИРФОВА ЗБОРУВА ЗА АВТОРСТВОТО И УМЕТНИЧКАТА КНИГА
    Разговор
  • The Tokyo Art Book Fair 2017
    Марија Христова, Илија Прокопиев
Прикажи повеќе

За изложбата Never Not in Love

PrivatePrint во краток разговор со Дарко Алексовски за изложбата Never Not in Love
Објавено на: 21.05.2019

Во ноември 2018 година, за време на еднодневната изложба на Дарко Алексовски во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, беа изложени седум писма создадени  на машина за пишување. Овие неадресирани и неиспратени интимни писма, полни со емоции и исповеди, беа поставени на седум столчиња и беа замислени да се читаат едно по едно преместувајќи се од столче на столче. Овој динамичен процес, кој се одвиваше со преместувањето, ја надополнуваше временската и емотивната динамика на содржината на писмата. Токму перформативноста на читањето и сценографијата беа аспектите каде се наоѓаше изложбениот карактер на овие писма. Оттука и идејата овие писма да се постават во друг простор со поинаква динамика и сценографија. Со Дарко разговаравме тоа да го направиме во студиото на PrivatePrint. Така се обликуваше изложбата Never Not in Love, на која седумте писма се врамени во 500 копии во А4 формат на една фотографија од море која Дарко ја направил во периодот кога и ги создавал писмата. 

Писмата, кои се именувани како Љубовните писма на осаменоста, Дарко со свои зборови ги објаснува како интимни обраќања, каде е поништена можноста за хронолошко лоцирање и се понудени на публиката за исчитување, со можност за влегување во еден личен свет со емоционални прашања и состојби кои е тешко да се преведат во зборови. Писмата се создадени на машина за пишување (марка UNIS tbm) и преставуваат неадресирани и неиспратени писма, но упатени до конкретни личности. Оригиналната содржина на текстовите е пишувана и коригирана во различни периоди во последните две години, во форма на дневник и забелешки, а напишани се на машина во 2018 год. Додека пак амбиенталната инсталација составена од многубројните копии на морскиот пејзаж, кои ги покриваат ѕидовите на галеријата, е именувана како Бранови. 

Изложбата е замислена да го внесе читателот/гледачот во еден визуелен наратив. Неговото присуство во просторот, додека ги чита писмата или ја набљудува раздвижената инсталација Бранови, станува дел од тоа визуелно искуство. 

Во овој краток разговор со Дарко, тој ги објаснува своите мотиви, начини и размисли да ги создаде овие дела. 

Medium 3

Жена што чита писмо од Јоханес Вермер, ca. 1663; Од отворањето на изложбата Never Not in Love од Дарко Алексовски, фотографија: Зоран Шекеров

Зошто писма и што содржат? 

Писмото, како веќе застарен начин на комуникација, е избрано поради неколку причини. Првата и најочигледна е материјалноста на самиот предмет (наспроти ефемерноста на секојдневната комуникација). Друга причина е перформативноста при читање на писмото, односно специфичноста на условите и времетраењето кои се потребни за читање. Основата на овие дела е единственоста и неповторливоста на секој текст испишан на машина за пишување, сите грешки и корекции од самиот текст прават визуелен материјал кој е речиси невозможно да се ископира.

Текстот во писмата нема улога на чисто ликовно-формален елемент, не служи како симбол, туку е текст кој треба да се прочита. Сите текстови се интимни обраќања кон конкретни личности, односно транскрипција на емоции и чувства, еротска и платонска љубов, но и на состојби како осаменост и збунетост, кои вистинските или замислените врски понекогаш ги носат со себе. Овие дела се колку обраќање, толку и производ на еден долг процес на лична интроспекција, во кој, преку прашања и одговори, освен што откриваат чувства спрема одредени личности, тие ги откриваат и состојбите во кои сум бил додека траеле овие чувства.

Medium 4

Љубовни писма на осаменоста од Дарко Алексовски во студиото PrivatePrint, фотографија: Зоран Шекеров

Зошто розова боја?

Розовата боја во оваа серија има двојно значење: истовремено е филтерот низ кој јас одлучувам да ги гледам текстовите, но и асоцијација на нешто органско, како слоеви одделени од некој организам, односно како некакво соголување. Делата остануваат во некоја мала, стандардна, интимна димензија на писмо, со цел публиката да се доведе во позиција на оние до кого писмата се адресирани. Во оваа смисла доста важна е и перформативната и партиципативната димензија на читањето, односно дека делото се воспирема преку непосредно отворање и исчитување на писмото, а во спротивно, неговата содржина останува скриена и непозната.

Од тука и во формална смисла делата се обликувани со розови бои и тонови (боја што по дефиниција се поврзува со феминизирање на предмети и појави) и машина за пишување (појава што во дискурзивното поимање на професии, најчесто се врзува со жени). Дихотомијата маскулинистичко/феминистичко, преку знаковните и симболичките аспекти во делата, воспоставува релација, како во самите дела, така и во односот со публиката.

Medium 6

Љубовното писмо од Јоханес Вермер, c. 1669-1670; Инсталација Бранови од Дарко Алксовски, фотографија: Зоран Шекеров

Зошто фотографија од море?

Писмо во кое се изразува љубов е доста чест мотив во златното доба на холандското сликарство од 17-ти век. Во овој период, љубовта исто така се споредувала со море, и различни прикази од море (мирно, бурно итн.) служеле како означувачи на одредена љубовна врска. Поради неможноста гледачот да ја прочита содржината на писмото, сликарите честопати во сликите поставувале елементи со морски мотиви, како наративни показатели преку кои посредно се „исчитува“ содржината на писмото. 

Во таа смисла, фотографијата во оваа поставка е искористена како наративен елемент, кој истовремено реферира на содржината на самите писма уште пред да се прочитаат, но и на холандското сликарство, овојпат преведена во една специфична визуелна интервенција.

  • Mail
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Behance
  • Youtube
  • Linkedin
  • copyright © 2022 privateprint

Сакате да ги поддржите нашите активности? Прочитајте како можете да го сторите тоа!


Со поддршка на нашите активности ја поддржувате младата и прогресивна уметничка сцена која се бори за подобра видливост, средства и простор за израз во рамките на културната сцена.
Како прв издавач на уметнички книги во Скопје, Северна Македонија, основан во 2016 година, PrivatePrint цели кон објавување и поддршка на уметнички книги и на млади уметници кои работат надвор од востановените институционални рамки. Уште од самиот почеток, паралелно со издавачката програма се разви и разновидна непрофитна програма која вклучува изложби, промоции, меѓународни презентации, блог и онлајн активности и слично. Со оваа програма започнува работата на PrivatePrint Studio како уметнички и изложбен простор, кој потоа беше официјализиран како здружение во 2018 година со цел понатамошен развој на својата мисија. Преку своите активности студиото цели да создаде платформа за истражување и претставување на уметнички книги,дизајн и други медиуми на израз во современата уметност видени во поширок социо-културен контекст. Работи на подобра видливост и поврзување на уметниците и уметничките практики, како во локалниот контекст, така и преку размена на идеи на меѓународен план.
Затоа ни е потребна вашата поддршка, за да ја одржиме редовната работа на студиото и да отвориме повеќе можности за младите уметници да ја развиваат и претставуваат својата работа.
Можете да бидете донатор, спонзор или, пак, да се пријавите за годишна претплата на публикациите на PrivatePrint! Прочитајте повеќе и контактирајте нѐ!

 

Донирајте!


Можете да бидете донатор, да ги поддржите непротифитните активности на студиото и да ни помогнете да се развиваме. Сите донатори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, освен ако не сакате да бидете анонимни. 


Доколку сакате да направите лична донација (физичко лице) со сума по ваш избор, можете да го направите тоа на следните сметки:


Во Северна Македонија:
Здружение Студио ПРИВАТЕН ПРИНТ Скопје
Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4 1000 Скопје
Број на сметка: 300000004181609
Банка: Комерцијална банка АД Скопје


Меѓународно:
Strudio PRIVATEN PRINT Skopje
bul. "Partizanski odredi" 62/1-4 1000 Skopje, North Macedonia
IBAN: MK07300701003635721
SWIFT: KOBSMK2X


Доколку сте компанија, институција или слично (правно лице) и сакате да направите донација, ве молиме да нѐ контактирате за повеќе информации >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Бидете спонзор!


Можете да бидете спонзор на конкретен проект. Контактирајте нѐ за повеќе информации за нашите тековни или идни уметнички проекти. Сите спонзори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, а нивната поддршка со благодарност ќе биде назначена и на сите промотивни материјали за проектот.


Тековни проекти кои можете да ги поддржите:
Emerging Concepts Edition 
Изложби во соседството (минати изложби во рамки на програмата: Ледиа Костандини, Илија Прокопиев, Марта Шиндил)
 


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Претплата 2020


Можете да се пријавите за годишна претплата на изданијата на PrivatePrint. Бидете првиот што ќе ги добие нашите уметнички книги од 2020 директно на вашата адреса. Дополнително, добивате попуст од 10% на сите други публикации на PrivatePrint.


Годишна претплата - 2000 МКД \ 33 ЕUR


* Бесплатна достава на книгите во Северна Македонија.
** За цените за меѓународна достава пишете ни мејл.


Следете ја нашата веб-страница и социјалните профили (Facebook \ Instagram) за повеќе информации за книгите за 2020 година.


За повеќе информации и за деталите за плаќање контактирајте нѐ >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

Регистрација