Logo

  • mk
  • \
  • en
Menu
  • дома
  • издаваштво
    • книги
    • останати продукти
  • студио
    • настани
    • VR Studio
    • PrivatePrint Meets
    • архива
    • блог
    • документи
  • графички дизајн
  • за нас
    • што работиме
    • Q&A
    • дистрибуција
    • контакт
  • поддршка
  • Филип Ивановски-Пепе зборува за материјалот, контекстот и за игривата природа на своите дела
    Разговор
  • Ема Велковска зборува за задачата на дизајнерот, како и за важноста на интеракцијата и на тимската работа
    Разговор
  • Отворен повик за соработка на интердисциплинарен издавачки проект
    Отворен повик
  • Виртуелни простори за изложување на дигитални уметнички дела: истражување на интерактивноста и на просторната препознатливост
    Борко Хаџиевски
  • Владимир Здравески зборува за важноста на процесот на создавање и за медиумот на израз
    Разговор
  • Кон „I would rather die than be uncomfortable“ од Душан Стефановски
    Рецензија
  • Игор Таневски зборува за својата уметничка практика насочена кон теми за природата, новите технологии и за соработничкиот принцип
    Разговор
  • Имагинарни архиви - работилница за преосмислување на пејзажите од иднината
    отворен повик
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (трет дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (втор дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (прв дел)
    Сара Ахмед
  • Горан Ристовски зборува за односот кон просторот и за еколошкиот аспект на неговата уметничка практика
    Разговор
  • Ива Станковска зборува за својата уметничка практика, експериментирањето со материјалот и за предизвикот да го трансформира галерискиот простор
    Разговор
  • Драгана Пендовска зборува за својата млада уметничка практика и за виртуелната изложба Stepping into the cornfield
    Разговор
  • Кристина Божурска зборува за нејзината книга 15 Horror Stories by Women Workers и за можностите на уметноста како активизам
    Разговор
  • 15 HORROR STORIES BY WOMEN WORKERS - TRANSLATED
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS EDITION
  • Елена Чемерска зборува за својата уметничка практика и за проектот Споменик на слободата
    Разговор
  • ЏЕЗ
    Анри Матис, Џек Флам
  • ЛЕДИА КОСТАНДИНИ ЗБОРУВА ЗА КНИГАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЈАВНИОТ ПРОСТОР ВО НЕЈЗИНАТА ПРАКТИКА
    Разговор
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS Edition
  • Саемот на книги како уметничка практика
    Марија Христова
  • За изложбата Never Not in Love
    Разговор
  • Улис: место на средба помеѓу Џојс и Матис
    Ива Димовска
Прикажи повеќе

Владимир Здравески зборува за важноста на процесот на создавање и за медиумот на израз

Објавено на: 31.08.2022 г.

Разговор направен во март 2022 во рамки на програмата PrivatePrint Meets и дополнет во август 2022 година преку електронска комуникација. Владимир Здравески (р. 1996 година во Прилеп) зборува за својата млада уметничка практика, темите за микро и макро стварноста со коишто се занимава, за различните медиуми во коишто се изразува, како и за нашата соработка на изложбата (de)structural во рамки на PrivatePrint VR Studio 2022.

Medium 1

Владимир Здравески

Твоите први самостојни изложби („Микроманипулации“ во Прилеп и „In-between“ во Скопје, 2020 година) ја произнесуваат темата  за микро наспрема макросветот како централна. Следствено и делата третираат органски визуелни форми. Од кога почна да работиш со овие теми?

Уште од факултет, почнав со некое првично истражување на неврони, особено на тоа како изгледаат невроните кај луѓе со одредени психички болести. Имаше една слика на неврон на здрав човек и на човек што има шизофренија. И ме заинтригира разликата и како се градат несекојдневни поврзувања во нив, некои нетипични конекции. Ова ми отвори прашања од типот на тоа каде и зошто баш се случиле тие поврзувања. И од тука почна сè. Почнав да сликам и најмногу бев привлечен од самите слики, од самиот цртеж. И понатаму продолжив да експериментирам, да правам асоцијации, да наликува на некој нервен систем, па на некој микросистем.

Потоа, почна да се оддалечуваш од оваа првична слика?

Да, и да навлегувам подлабоко. И мислев дека ќе дојдам до нешто поедноставно, но излезе да е уште посложено. 

И во тој момент почнав да ги работам релациите меѓу микро и макросветот. Всушност, почнав да излегувам од директните референци на нервниот систем и да работам по пат на асоцијации, за да видам до што тоа ќе ме доведе.

Medium 2

Владимир Здравески, “Edge”, комбинирана техника, 2022

Поаѓаш од темата на нервниот систем и психичките состојби, дали ти е цел гледачот да ги препознае тие слики, нивната позадина?

Па, не. Тоа беше само како чиста сензација, како тригер, за тоа што навистина се случува во нас. Заинтересирани сме за многу работи што се случуваат околу нас, но не сме се запрашале чекај, што е тоа што се случува во нас. Нешто многу поголемо, многу побитно се случува. Целта ми е да избегам од каква било лесна асоцијација на нештото. Бидејќи јас се инспирирам од нешто што е постоечко и ако идејата ми била да го претставам тоа постоечко, поинаку ќе го претставев, со фотографија или со самиот запис. 

Како се одвива твојот творечки процес?

Суштински најмногу се инспирирам од природата. Од системите кои ги има во природата. За да има еден систем треба да има органи, а за да функционира целиот систем секој орган треба да си ја врши својата функција. И тука се кријат точните одговори за многу прашања што си ги поставуваме од кој било карактер: духовен, политички, културен. Што ако еден орган замислиме дека е некоја институција? И едново го ставиме да биде срце другово желудник и сега ги замениме, тоа не може. Никогаш не може срцето да биде желудник и обратно. Така што секој орган се остварува во својата функција. И тоа е пишан код во сите нас и во самата природа.

Ретко се приврзувам кон медиумот или материјалите. И ретко се случува да исценирам дело. Сметам дека уметникот е само канал преку којшто тече и се создава. За мене е тројство, мора да има некаков универзум, а ти си каналот и секако имаш удел во тоа правилно да го канализираш. 

Medium 3

Владимир Здравески, “The Process”, коноп, 2019

Сакаш да кажеш дека уметникот нема рационална и свесна улога во процесот на создавање?

Се стреми. Но не сум сигурен дали секогаш доаѓа кон целта. Не знам дали секогаш го остварува тоа кон што цели или некогаш доаѓа до нешто уште подобро што не ни можел да го замисли. 

Сметам дека самиот момент додека уметникот создава, тој може да рационализира до одреден степен, до степенот на материјалниот дел, да одлучи дали гестот треба да биде поостар помек или контролиран или не контролиран, дали свесно одлучува да биде сина боја и слично. 

Би рекол дека е контролиран, но дека е рационален тоа е малку грубо. Не мислам дека може да биде само рационален процес, ако е само рационално, може да го пренасочиме кон некоја наука.

Кои се твоите референци, дали читаш нешто додека создаваш?

Повеќе гледам. Реално ме инспирира научна фантастика. Како и документарци за природа. Секојдневни ситуации што се случуваат надвор од наше знаење во универзумот, за едно растение како расте. Фасцинантни ми се тие работи. 

Во какви сè формати и со какви материјали и медиуми работиш?

Медиумот ми е предизвик, да најдам начин да се изразам во тој медиум, а често ми е предизвик и поради условите во кои се наоѓам. На пример, доколку имам услови и некој поголем простор и самиот простор би ми дозволил да се занимавам со некои помегаломански големи проекти. Претходно живеев во многу помал простор, па и форматите ми варираа во однос на просторот. Се префрлив на мобилниот телефон. Со промени директно на телефонот или во Фотошоп... И си отворам нови предизвици.

Дигиталниот медиум, особено, дава многу можности на некои материјално и физички неизводливи ситуации. Како тридимензионалните форми во простор, текстура или материјал со бои кои се тешко изводливи, токму така како што ги замислуваме.

Medium 4

Владимир Здравески, (de)structural, виртуелна изложба, PrivatePrint VR Studio 2022

Со нас работеше во рамки на нашата програма за виртуелни изложби VR Studio 2022. Па во овој контекст, како работата во нашиот виртуелен простор се вклопува во твојата досегашна уметничка работа? Дали, преку изложбата (de)structural, можеш да го споредиш искуството со работа во виртуелен и во реален простор?

Виртуелниот простор беше дополнителен предизвик за мене. Иако претходно сум експериментирал со дигитални медиуми, овој пат искуството беше поразлично. Самиот факт што знаев дека делото не е физички присутно и опипливо за време на процесот на создавање е дијаметрално спротивно од мојата секојдневна практика. Во овој случај, не само што мојата задача беше како да го проектирам делото вон физичкиот простор, туку и во каков однос би било тоа со самиот виртуелен восприемач, што навистина е несекојдневна практика како создавач во реален физички простор. 

Идејата на VR Studio е тоа да биде соработнички проект. Изложбата се создава помеѓу уметникот, дизајнерот, кураторот, а делата не постојат надвор од виртуелниот простор. Како гледаш на овие можности на несекојдневна соработка?

Оваа соработка на овој, би го нарекол, уметнички „триаголник“ во овој случај се покажа навистина успешна. Доколку тој триаголник е „калибриран“, проектот  би бил со сигурност успешен. Што се однесува до непостоењето на делото во физичкиот простор, сметам дека не е клучна алка во процесот на комуникација помеѓу делото и восприемачот, особено во оваа дигитална доба која е веќе дел од секојдневниот живот. Напротив, овозможува дури полесен начин на „транспорт“ на делото од една до друга точка во светот во својата оригинална форма.

Medium 5

Владимир Здравески, “Transpose II” and “Transpose III”, масло на платно, 2022

Како понатаму ја развиваш таа твоја главна тема за релациите меѓу микро и макросветот? На што работиш во моментов?

Моментално сум во период каде што сакам да ги направам сите можни варијации на оваа тема. Баш во овој период и сликам и работам дигитално, ги мешам. Се случува да работам на три дела истовремено. Работам едно дело со коноп, во меѓувреме сликам на платно, ми иде идеја за дигитално... Сепак, побитен дел ми е процесот на создавањето на нештата.

Работам на различни нешта, истражувам, скицирам, експериментирам. Гледам до каде можам да ја однесам таа тема, за релациите меѓу микро и макросветот, но исто така многу ми е битно да не отидам во визуелен конформизам што е честа појава кај визуелните уметници.

 

Фотографиите од делата се отстапени од уметникот.
--
PrivatePrintMeets е серија средби со млади уметници од С. Македонија и е дел од проектните активности на PrivatePrint финансирани од програмата Prince Claus Network Partnership.
VR Studio 2022 е кофинансирано од Министерството за култура на Северна Македонија и е овозможено преку активностите во серијата средби PrivatePrint Meets, финансирана преку Prince Claus Network Partnership Programme.

  • Mail
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Behance
  • Youtube
  • Linkedin
  • copyright © 2023 privateprint

Сакате да ги поддржите нашите активности? Прочитајте како можете да го сторите тоа!


Со поддршка на нашите активности ја поддржувате младата и прогресивна уметничка сцена која се бори за подобра видливост, средства и простор за израз во рамките на културната сцена.
Како прв издавач на уметнички книги во Скопје, Северна Македонија, основан во 2016 година, PrivatePrint цели кон објавување и поддршка на уметнички книги и на млади уметници кои работат надвор од востановените институционални рамки. Уште од самиот почеток, паралелно со издавачката програма се разви и разновидна непрофитна програма која вклучува изложби, промоции, меѓународни презентации, блог и онлајн активности и слично. Со оваа програма започнува работата на PrivatePrint Studio како уметнички и изложбен простор, кој потоа беше официјализиран како здружение во 2018 година со цел понатамошен развој на својата мисија. Преку своите активности студиото цели да создаде платформа за истражување и претставување на уметнички книги,дизајн и други медиуми на израз во современата уметност видени во поширок социо-културен контекст. Работи на подобра видливост и поврзување на уметниците и уметничките практики, како во локалниот контекст, така и преку размена на идеи на меѓународен план.
Затоа ни е потребна вашата поддршка, за да ја одржиме редовната работа на студиото и да отвориме повеќе можности за младите уметници да ја развиваат и претставуваат својата работа.
Можете да бидете донатор, спонзор или, пак, да се пријавите за годишна претплата на публикациите на PrivatePrint! Прочитајте повеќе и контактирајте нѐ!

 

Донирајте!


Можете да бидете донатор, да ги поддржите непротифитните активности на студиото и да ни помогнете да се развиваме. Сите донатори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, освен ако не сакате да бидете анонимни. 


Доколку сакате да направите лична донација (физичко лице) со сума по ваш избор, можете да го направите тоа на следните сметки:


Во Северна Македонија:
Здружение Студио ПРИВАТЕН ПРИНТ Скопје
Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4 1000 Скопје
Број на сметка: 300000004181609
Банка: Комерцијална банка АД Скопје


Меѓународно:
Strudio PRIVATEN PRINT Skopje
bul. "Partizanski odredi" 62/1-4 1000 Skopje, North Macedonia
IBAN: MK07300701003635721
SWIFT: KOBSMK2X


Доколку сте компанија, институција или слично (правно лице) и сакате да направите донација, ве молиме да нѐ контактирате за повеќе информации >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Бидете спонзор!


Можете да бидете спонзор на конкретен проект. Контактирајте нѐ за повеќе информации за нашите тековни или идни уметнички проекти. Сите спонзори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, а нивната поддршка со благодарност ќе биде назначена и на сите промотивни материјали за проектот.


Тековни проекти кои можете да ги поддржите:
Emerging Concepts Edition 
Изложби во соседството (минати изложби во рамки на програмата: Ледиа Костандини, Илија Прокопиев, Марта Шиндил)
 


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Претплата 2020


Можете да се пријавите за годишна претплата на изданијата на PrivatePrint. Бидете првиот што ќе ги добие нашите уметнички книги од 2020 директно на вашата адреса. Дополнително, добивате попуст од 10% на сите други публикации на PrivatePrint.


Годишна претплата - 2000 МКД \ 33 ЕUR


* Бесплатна достава на книгите во Северна Македонија.
** За цените за меѓународна достава пишете ни мејл.


Следете ја нашата веб-страница и социјалните профили (Facebook \ Instagram) за повеќе информации за книгите за 2020 година.


За повеќе информации и за деталите за плаќање контактирајте нѐ >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

Регистрација