Logo

  • mk
  • \
  • en
Menu
  • дома
  • издаваштво
    • книги
    • останати продукти
  • студио
    • настани
    • VR Studio
    • PrivatePrint Meets
    • архива
    • блог
    • документи
  • графички дизајн
  • за нас
    • што работиме
    • Q&A
    • дистрибуција
    • контакт
  • поддршка
  • Филип Ивановски-Пепе зборува за материјалот, контекстот и за игривата природа на своите дела
    Разговор
  • Ема Велковска зборува за задачата на дизајнерот, како и за важноста на интеракцијата и на тимската работа
    Разговор
  • Отворен повик за соработка на интердисциплинарен издавачки проект
    Отворен повик
  • Виртуелни простори за изложување на дигитални уметнички дела: истражување на интерактивноста и на просторната препознатливост
    Борко Хаџиевски
  • Владимир Здравески зборува за важноста на процесот на создавање и за медиумот на израз
    Разговор
  • Кон „I would rather die than be uncomfortable“ од Душан Стефановски
    Рецензија
  • Игор Таневски зборува за својата уметничка практика насочена кон теми за природата, новите технологии и за соработничкиот принцип
    Разговор
  • Имагинарни архиви - работилница за преосмислување на пејзажите од иднината
    отворен повик
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (трет дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (втор дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (прв дел)
    Сара Ахмед
  • Горан Ристовски зборува за односот кон просторот и за еколошкиот аспект на неговата уметничка практика
    Разговор
  • Ива Станковска зборува за својата уметничка практика, експериментирањето со материјалот и за предизвикот да го трансформира галерискиот простор
    Разговор
  • Драгана Пендовска зборува за својата млада уметничка практика и за виртуелната изложба Stepping into the cornfield
    Разговор
  • Кристина Божурска зборува за нејзината книга 15 Horror Stories by Women Workers и за можностите на уметноста како активизам
    Разговор
  • 15 HORROR STORIES BY WOMEN WORKERS - TRANSLATED
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS EDITION
  • Елена Чемерска зборува за својата уметничка практика и за проектот Споменик на слободата
    Разговор
  • ЏЕЗ
    Анри Матис, Џек Флам
  • ЛЕДИА КОСТАНДИНИ ЗБОРУВА ЗА КНИГАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЈАВНИОТ ПРОСТОР ВО НЕЈЗИНАТА ПРАКТИКА
    Разговор
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS Edition
  • Саемот на книги како уметничка практика
    Марија Христова
  • За изложбата Never Not in Love
    Разговор
  • Улис: место на средба помеѓу Џојс и Матис
    Ива Димовска
Прикажи повеќе

Игор Таневски зборува за својата уметничка практика насочена кон теми за природата, новите технологии и за соработничкиот принцип

Објавено на: 17.06.2022

Разговорот е направен во студиото на Игор Таневски во Скопје, на 16 декември 2021 година во рамки на програмата PrivatePrint Meets и е дополнет на 7 мај 2022 година, преку електронска комуникација. Игор Таневски зборува за својата уметничка практика која опфаќа соработки со различни профили на уметници и соработници, како и за нашата соработка на изложбата „Flowing“ во рамки на PrivatePrint VR Studio 2022.

Medium prva slika igor

Игор Таневски

Твојата досегашна практика подразбира дела во физички простор, но и работа во дигиталниот простор. Кажи ни повеќе за твојот начин на работа и за тоа што е најважно за тебе кога работиш на своите концепти и дела?

Кога работам, не ги гледам како две различни работи, едното е дигитален пристап, а ова е физички. За мене тие едноставно постојат паралелно, како технологија и техника што ми овозможува да се изразам и да го продолжам мојот интерес. Во мојата работа сум сакал соработки со луѓе што се одлични во своето поле, како Александра Костадиновска, која работи фотографија, или со инженерот и дизајнерот Милан Митев со кој работиме на тековни проекти.

Многу е убаво да се работи со други луѓе, со различни креативни енергии и импулси, кои инспирираат и ја надополнуваат работата. Па така, многу важен дел во мојата работа е соработничкиот дух, и кога работам како куратор на некој проект и од аспект на моите самостојни уметнички проекти. 

Што мислиш за здружувањето како форма во рамки на нашата уметничка сцена?

Здружувањето може да ѝ помогне на уметничката практика кај нас. Се покажува продуктивно и хумано да работиш во заедница со креативен тим. Ние ја имаме таа традиција уште од времето на Југославија до денес, на создавање уметнички групи, на пример. Досега, беа актуелни прашањата за немање уметнички пазар, за нефункционирањето на институциите, но денеска, мислам дека со современите можности на интернетот, се отвораат различни можности за комуникација и интеракција со поширока публика и со меѓународната сцена. Па, гледаме дека последниве неколку години малку е поразлично на тоа поле.

Имаш свое ателје, свој работен простор. Каква улога има тоа во твојата работа?

Уште од факултетот, ја задржав таа практика да имам студио. Да станам сабајле и да одам да работам и да останам таму додека не завршам. Тука работам и на компјутер, ако треба некогаш и некоја применета работа да се заврши. Ателјето ми е клучен дел од мојата уметничка работа.

Medium slika2

Игор Таневски, „Релацијата помеѓу можностите на љубовта“, Биенале на млади уметници, МСУ-Скопје, 2018 г.

На Биеналето за млади уметници во 2018 година во МСУ-Скопје се претстави со инсталацијата „Релацијата помеѓу можностите на љубовта“. Кажи ни нешто повеќе за таа инсталација.

Процесот на создавање на тоа дело беше спонтан и почна уште додека студирав. Тие растенија беа донирани од професорка на факултетот и процесот на пресадување и садење на растенијата ми се одвиваше во факултетското ателје. Јас таа пракса ја имам уште од мал, од моите родители, веројатно, како вид на одржување или чисто афинитет кон растенија. Спонтано настанаа и видеокадрите што се дел од истата инсталација. Ги развивав и не знаев што конкретно со нив би правел, сè до Биеналето.

Во секој случај, битно ми беше да ја покажам фасцинацијата од самиот живот. Идејата тргна од тоа дека живееме во време кога човекот прави сè за да го контролира природниот раст на природата и да ја има контролата врз неа. Наспрема тоа, во делото ја поставив фасцинацијата од самиот живот и од автономијата на природата. Тоа што сакам да го извлечам и подвлечам во ова дело е дека човекот треба да соработува со природата. Во природните науки се зборува за феноменот на појавност, за колективни својства, за кооперативност, наспроти феноменот на натпревар. Преживува најадаптибилниот, тој што е кооперативен е најадаптибилен, според мене.

Интересен беше и процесот додека делото беше изложено. Јас бев таму два месеци на секој два-три дена, за да ги одржувам растенијата. И тоа беше дел од проектот, дека во текот на биеналето из’ртеа многу растенија, пуштија корења, порасна... 

Како другите твои проекти во последниве години се надоврзуваат на овој?

На ова дело се надоврзува делото „Патот“ изложено во рамки на изложбата „Уметноста на досадата“, делото се реферира на геолошки површини или примероци од нашата земја во контаминирана и сосема уништена состојба. Истовремено упатува на тлото на други планети и патот кон идна колонизација на други простори. Патувањето кое ветува ширење на нашиот спектар на адаптација и еволуција е за да разбереме колку е драгоцен живот на Земјата и да го смениме нашиот начин на живот. Идејата беше делото да биде поставено на трева која би растела низ и околу него, да биде изложено на различни временските промени, како снег, дожд, сончевото време и вегетацијата кои би го надополнувале. Проектот „Релации“, пак, изразува процес во моето истражување за односите помеѓу земјиштето, флората и индустриските, машински изработените предмети имплементирани од луѓето. Нашите интервенции и модификации кои ги вршиме во природата, работите кои ги оставаме зад себе. Првичната презентација е во соработка со фотографот Александра Костадиновска како фотодокументарен проект реализиран во Ботаничката градина во Скопје.

Medium slika3

Игор Таневски, (лево) „Патот“, групна изложба „Уметноста на досадата“, Резиденција на ЕУ во Скопје, 2021 г. и (десно) „Релации“, интервенција во Ботаничката градина во Скопје, 2019 г. (фото: Александра Костадиновска)

Каде ги гледаш своите примери? Што читаш и што те интересира во сферата на уметноста или другите дисциплини, кои автори?

Бојс, Ив Клајн, Смитсон и лендартистите, но исто така и ренесансните автори, како Леонардо, не само поради делата, но и поради практиката на уметникот којшто размислува и за прашања надвор од самата уметност и за нивната совршена технолошка примена во уметноста за времето во кое живееле. Затоа што мислам дека екологијата денес има потреба од синхроницитет меѓу повеќе науки и уметноста. Верувам дека иднината ќе биде таква. Тоа ќе отвори повеќе работа, повеќе соработки и ќе биде плодотворно за планетата Земја и за човештвото. Нема да има поделени групи, нема да има агресија и нема да имаме толку отпад и загаденост. Во тој контекст уметноста ќе си остане да се занимава со произведување на естетски вредности и доживување. Уметноста според мене ќе остане да се занимава со создавање систем на естетски вредности преку кои ќе се обидуваме да допреме до колективната свесност, да направиме промена на доживувањето кај другиот. Како што вели и Дишан, делото 50 отсто го прави гледачот. Па ако е така, тогаш помеѓу делото и гледачот мора да има одредена размена на вредности коишто не се само сетилни, туку се и натсетилни. 

На што работиш во моментов?

На проектот „Хоризонт“ кој произлезе од спонтани видеа снимени при пливање или фотографирање во Охридското Езеро. „Хоризонт“ започна во 2019 год., проектот беше изложен како целина составена од отпечатоци на плотер во широк формат, во Музеј на град Скопје. Делото рефлектира на различните состојби на водениот феномен преку различни перцепции или искуства на површината каде водата се среќава со небото. Во 2020 год. проектот беше постпродуциран за виртуелна презентација користејќи Ви-реј рендери во соработка со Милан Митев, додека во моментов работиме на новата серија дела кои ги снимав во 2021 год.; во процес на постпродукција и презентација сме на „Хоризонт 2.0“.

Видеокадарот ми стана изразно средство, како еден извор за екстрахирање информации, на кои дополнително компјутерски интервенирам, манипулирам или ги дообработувам. Преку нив можам да компонирам поразлична визуелна или просторна перцепција.

Medium slika4

Игор Таневски, проект „Хоризонт“, (лево) виртуелна презентација во соработка со Милан Митев, 2020 г. и (десно) изложба во Музејот на град Скопје, 2019 г.

Повеќеслојна е употребата на техниката и на новите технологии во твоите дела. Може да се види во рамки на техничкото создавање на делото, но и во концептуална поставеност на делата. Како претставник на новата генерација уметници, за којашто технологијата е секојдневие и работна алатка, како гледаш на новите технологии и нивната употреба во уметноста?

Дигиталните технологии се фундаментален дел од мојата практика, на тој начин на продуцирање и презентирање на делото можам да го сменам начинот на којшто тоа се репродуцира и претставува. Сметам дека новите технологии и социјалните мрежи се добра можност за создавање поширока публика околу уметниците, тие се исто така одлична можност за уште еден дополнителен начин на интеракција на публиката со уметничките дела. Технологијата е нашето секојдневие и работна алатка кој постојано се менува и надополнува, го одразува времето во кое живееме.

Со нас работеше и во рамки на нашата програма за виртуелни изложби VR Studio 2022. Па во овој контекст, како работата во нашиот виртуелен простор се вклопува во твојата досегашна уметничка работа? Дали, преку изложбата „Flowing“, можеш да го споредиш искуството со работа во виртуелен и во реален простор?

Работата во виртуелниот простор ми отвори нови можности и пристап кон поинакво визуелно изразување од досегашното мое размислување и презентирање во материјалното опкружување. Голем дел од моето време го посветувам на изучување и применување на оваа технологија.

Има голема разлика од работењето во физички и виртуелен простор, особено тоа што изразувањето во виртуелната реалност бара посебна убедливост, технички познавања и соработка со квалитетен и добро информиран тим на луѓе. Јас сум на почетокот на истражувањето на виртуелните можности, додека проектот „Flowing“ ми отвори нови интересни предизвици за во иднина.

Medium slika5

Игор Таневски, „Flowing“, виртуелна изложба, PrivatePrint VR Studio 2022

Идејата на VR Studio е тоа да биде соработнички проект. Нешто што повторно природно се поврзува до твојата досегашна практика. Изложбата се создава помеѓу уметникот, дизајнерот, кураторот, а делата не постојат надвор од виртуелниот простор. Како гледаш на овие можности на несекојдневна соработка?

Тимската работа и колаборативениот пристап се прекрасни прилики кои водат кон нешто сосема различно од тоа што би го испродуцирал и презентирал сам. Благодарен сум за работата со луѓе кои се одлични во тоа што го прават, кои ја поддржуваат визијата и придонесуваат кон големата слика на нештата.

Фотографиите од делата и изложбите се отстапени од уметникот.

--
PrivatePrintMeets е серија средби со млади уметници од С. Македонија и е дел од проектните активности на PrivatePrint финансирани од програмата Prince Claus Network Partnership.
VR Studio 2022 е кофинансирано од Министерството за култура на Северна Македонија и е овозможено преку активностите во серијата средби PrivatePrint Meets, финансирана преку Prince Claus Network Partnership Programme.

  • Mail
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Behance
  • Youtube
  • Linkedin
  • copyright © 2023 privateprint

Сакате да ги поддржите нашите активности? Прочитајте како можете да го сторите тоа!


Со поддршка на нашите активности ја поддржувате младата и прогресивна уметничка сцена која се бори за подобра видливост, средства и простор за израз во рамките на културната сцена.
Како прв издавач на уметнички книги во Скопје, Северна Македонија, основан во 2016 година, PrivatePrint цели кон објавување и поддршка на уметнички книги и на млади уметници кои работат надвор од востановените институционални рамки. Уште од самиот почеток, паралелно со издавачката програма се разви и разновидна непрофитна програма која вклучува изложби, промоции, меѓународни презентации, блог и онлајн активности и слично. Со оваа програма започнува работата на PrivatePrint Studio како уметнички и изложбен простор, кој потоа беше официјализиран како здружение во 2018 година со цел понатамошен развој на својата мисија. Преку своите активности студиото цели да создаде платформа за истражување и претставување на уметнички книги,дизајн и други медиуми на израз во современата уметност видени во поширок социо-културен контекст. Работи на подобра видливост и поврзување на уметниците и уметничките практики, како во локалниот контекст, така и преку размена на идеи на меѓународен план.
Затоа ни е потребна вашата поддршка, за да ја одржиме редовната работа на студиото и да отвориме повеќе можности за младите уметници да ја развиваат и претставуваат својата работа.
Можете да бидете донатор, спонзор или, пак, да се пријавите за годишна претплата на публикациите на PrivatePrint! Прочитајте повеќе и контактирајте нѐ!

 

Донирајте!


Можете да бидете донатор, да ги поддржите непротифитните активности на студиото и да ни помогнете да се развиваме. Сите донатори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, освен ако не сакате да бидете анонимни. 


Доколку сакате да направите лична донација (физичко лице) со сума по ваш избор, можете да го направите тоа на следните сметки:


Во Северна Македонија:
Здружение Студио ПРИВАТЕН ПРИНТ Скопје
Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4 1000 Скопје
Број на сметка: 300000004181609
Банка: Комерцијална банка АД Скопје


Меѓународно:
Strudio PRIVATEN PRINT Skopje
bul. "Partizanski odredi" 62/1-4 1000 Skopje, North Macedonia
IBAN: MK07300701003635721
SWIFT: KOBSMK2X


Доколку сте компанија, институција или слично (правно лице) и сакате да направите донација, ве молиме да нѐ контактирате за повеќе информации >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Бидете спонзор!


Можете да бидете спонзор на конкретен проект. Контактирајте нѐ за повеќе информации за нашите тековни или идни уметнички проекти. Сите спонзори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, а нивната поддршка со благодарност ќе биде назначена и на сите промотивни материјали за проектот.


Тековни проекти кои можете да ги поддржите:
Emerging Concepts Edition 
Изложби во соседството (минати изложби во рамки на програмата: Ледиа Костандини, Илија Прокопиев, Марта Шиндил)
 


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Претплата 2020


Можете да се пријавите за годишна претплата на изданијата на PrivatePrint. Бидете првиот што ќе ги добие нашите уметнички книги од 2020 директно на вашата адреса. Дополнително, добивате попуст од 10% на сите други публикации на PrivatePrint.


Годишна претплата - 2000 МКД \ 33 ЕUR


* Бесплатна достава на книгите во Северна Македонија.
** За цените за меѓународна достава пишете ни мејл.


Следете ја нашата веб-страница и социјалните профили (Facebook \ Instagram) за повеќе информации за книгите за 2020 година.


За повеќе информации и за деталите за плаќање контактирајте нѐ >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

Регистрација