Logo

  • mk
  • \
  • en
Menu
  • дома
  • издаваштво
    • книги
    • останати продукти
  • студио
    • настани
    • VR Studio
    • PrivatePrint Meets
    • архива
    • блог
    • документи
  • графички дизајн
  • за нас
    • што работиме
    • Q&A
    • дистрибуција
    • контакт
  • поддршка
  • Филип Ивановски-Пепе зборува за материјалот, контекстот и за игривата природа на своите дела
    Разговор
  • Ема Велковска зборува за задачата на дизајнерот, како и за важноста на интеракцијата и на тимската работа
    Разговор
  • Отворен повик за соработка на интердисциплинарен издавачки проект
    Отворен повик
  • Виртуелни простори за изложување на дигитални уметнички дела: истражување на интерактивноста и на просторната препознатливост
    Борко Хаџиевски
  • Владимир Здравески зборува за важноста на процесот на создавање и за медиумот на израз
    Разговор
  • Кон „I would rather die than be uncomfortable“ од Душан Стефановски
    Рецензија
  • Игор Таневски зборува за својата уметничка практика насочена кон теми за природата, новите технологии и за соработничкиот принцип
    Разговор
  • Имагинарни архиви - работилница за преосмислување на пејзажите од иднината
    отворен повик
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (трет дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (втор дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (прв дел)
    Сара Ахмед
  • Горан Ристовски зборува за односот кон просторот и за еколошкиот аспект на неговата уметничка практика
    Разговор
  • Ива Станковска зборува за својата уметничка практика, експериментирањето со материјалот и за предизвикот да го трансформира галерискиот простор
    Разговор
  • Драгана Пендовска зборува за својата млада уметничка практика и за виртуелната изложба Stepping into the cornfield
    Разговор
  • Кристина Божурска зборува за нејзината книга 15 Horror Stories by Women Workers и за можностите на уметноста како активизам
    Разговор
  • 15 HORROR STORIES BY WOMEN WORKERS - TRANSLATED
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS EDITION
  • Елена Чемерска зборува за својата уметничка практика и за проектот Споменик на слободата
    Разговор
  • ЏЕЗ
    Анри Матис, Џек Флам
  • ЛЕДИА КОСТАНДИНИ ЗБОРУВА ЗА КНИГАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЈАВНИОТ ПРОСТОР ВО НЕЈЗИНАТА ПРАКТИКА
    Разговор
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS Edition
  • Саемот на книги како уметничка практика
    Марија Христова
  • За изложбата Never Not in Love
    Разговор
  • Улис: место на средба помеѓу Џојс и Матис
    Ива Димовска
Прикажи повеќе

Филип Ивановски-Пепе зборува за материјалот, контекстот и за игривата природа на своите дела

Објавено на 20.11.2022 г.

Разговорот е направен во пролетта 2022 во рамки на програмата PrivatePrint Meets и дополнет во ноември 2022 година преку електронска комуникација. Филип Ивановски-Пепе (р. 1993 година во Скопје) ги споделува своите гледишта за својата млада уметничка практика, за современата уметност, материјалот на работа, како и за општествените предизвици што за него се поттик за барање решение. Тој зборува и за искуството во создавањето на изложбата „Страв од височина“ во рамки на PrivatePrint VR Studio 2022. 

Medium slika 1

Си дипломирал скулптура на Факултетот за ликовни уметности, од твоето портфолио гледаме дека имаш дела во различни медиуми. Кои се твоите главни медиуми на израз?

Дипломирав скулптура, но никогаш не сум сакал класична скулптура, портрет. Повеќе работам инсталации и објекти. 

Твојата работа вклучува дела во коишто го истражуваш и манипулираш со материјалот, а еден од главните материјали со коишто работиш е искористеното пластично шише. Кажи ни повеќе за оваа идеја, како се развиваше? 

Тоа ја има во себе идејата за екологија. Имав собрано илјадници пластични шишиња. Уште бев студент кога почнав да пробувам со некои форми од шишињата. На почетокот барав евтин материјал. Никогаш не сум сакал да купувам нов материјал; зошто да купувам и да произведувам уште ѓубре? Секогаш има нешто што може да се искористи. Првично ме привлече зелената боја. Асоцира на трева, на природа. И тоа ми се допадна, дека нешто што личи на природно, е артифициелно. Сакав универзална површина, поле, текстура, на кое може да пласирам повеќе теми.

Medium slika 2

Филип Ивановски-Пепе, „Цивилизација процес“, изложба „Гоблени“, ФЛУ-Скопје, 2020

Кога почнав да експериментирам со овој материјал, резултатот не ми изгледаше доволно зрело тогаш. Сечев квадрати, па почнав линии да сечам. Сакав да ги доведам да заземат некаков облик. Делуваа недовршено, така сирови, само испреплетени. Фалеше нешто, но не знаев што. Сакав некако да ја нарушам линеарноста. Му зборував за ова на Шумковски кај него во студиото и видов дека има бренер. Му го позајмив и кога првпат ги запалив пластиките кога ја доби формата знаев дека е тоа - тоа.  

Твоите дела генерално се поврзуваат со темите на екологијата, конзумеризмот... работиш со современи и актуелни теми (како на пример, пандемијата). Што те интересира од тематски аспект?

Уште одамна, сфатив дека за мене нема поента да се занимавам со теми од минатото, а мислам дека и општо современата уметност нема потреба да се занимава со минатото. Секогаш сум го прикажувал тоа што е моментално, темите одговараат на секојдневието. Ако во моментот се случува некоја револуција, делото треба да ја содржи. Мислам дека има потреба кога сме на пример во тек на пандемија, според мене мора да дадеш дел од тоа што се случува сега. На пример делото „Смајли“, беше дел од изложба што се одложи две години [изложба „Гоблени“, ФЛУ-Скопје, 2020], па бев дури и загрижен дека темите за веќе застарени, затоа го додадов тоа дело, сакав да дадам нешто од денес. 

Medium slika 3

Филип Ивановски-Пепе, „Смајли“ и „Современ јазик“, изложба „Гоблени“, ФЛУ-Скопје, 2020

А кој е твојот методот на работа, каков е твојот истражувачки процес? 

Не истражувам теми, наоѓам некоја тема или технолошко откритие и се обидувам да го прикажам на поинаков начин. Почнувам од некоја идеја, нешто што сум прочитал, помислил, што било, и сакам да е забавно за работење, процесот да е интересен, да сум ангажирано вклучен. 

Сум заклучил дека делото на еден автор треба да има карактер, а тој карактер треба да е близок на неговиот карактер. Зборувам за препознатливост. Пак да има нешто индивидуално. Затоа гледам во делата да ја искористам мојата особина на сарказам, со малку понеобична смисла за хумор. Исто така, сакам делата да бидат интересни - впечатливи. Игриви. Не практикувам директно да пренесам некоја порака. Сакам да имаат порака на почетокот, но оставам простор за метафоричност. Да поставува прашања. Да предизвикува разговор, дебата.

Medium slika 4

Филип Ивановски-Пепе, “Coup d'état”, изложба „Гоблени“, ФЛУ-Скопје, 2020

Дали имаш проекти коишто си ги замислил но не си имал можност да ги реализираш?

Во денот по пет ми текнуваат. Сакам големи, монументални проекти. Бидејќи се впечатливи. Некако ми здосадува изложба, галерија. Размислувам повеќе за дела коишто не е задолжително да бидат во галерија. И тие отвораат можности за поголеми димензии. Сè што може да замисли човекот може и да направи, бидејќи може. Не верувам во не може или во нешто нереално. Тоа е мојот став кон животот. Не сакам да се ограничувам. 

Следниот концепт со којшто работам, последно нешто што ми е интересно е метаверсот. Правам еден аватар што е од некој метаверс или е некаков хибрид. И тој аватар ќе го прошетам низ Скопје и ќе го фотографирам и снимам како прави секојдневни работи, чека ред во банка, пие пиво во парк, оди во кино, театар. И низ игра да посочам на некои други тематики. Фактички самата скулптура не е делото, туку е алатка за создавање на делото, а самата по себе е дело. Тука некаде работам околу овие теми.

Како твојата работа се поврзува со технологијата, какво место има технологијата во современата уметност?

Многу ме интересира технологија. Не затоа што сум нешто многу по технологијата, но во моментов во светот таа прави најмногу револуции.

Уметноста и технологијата секогаш оделе една со друга. И тргнувајќи од тоа дека делото треба да биде дете на современието, да биде во тек, мора да соработуваш со технологијата. Човекот може да биде несовршен, намерно или ненамерно, ама роботот не може. И размислувам на тоа кои вредности ќе се почитуваат. Можеби за 300 години луѓето ќе бидат презаситени од тие монитори дигитални дела, можеби ќе сакаат да отидат на некое место да видат како порано тоа се правело. Би било интересно доколку уметноста тогаш би била ретро, би ги задржала старите практики. Сепак, мислам дека ќе остане да покажува што може човекот да направи, наспрема некое роботче...

Medium slika 5

Филип Ивановски-Пепе, „Страв од височина“, виртуелна изложба, PrivatePrint VR Studio 2022

Со нас работеше во рамки на нашата програма за виртуелни изложби VR Studio 2022. Па во овој контекст, како работата во нашиот виртуелен простор и на изложбата „Страв од височина“ се вклопува во твојата досегашна работа? 

Најголем дел од мојата досегашна работа се сведува на современи практики и содржини. Со оглед на тоа, работата на изложба во вашиот виртуелен простор, дефинитивно е во полза на мојата тенденција за создавање дела кои се во тек со современите технологии и различните форми на креирање и презентирање на одреден концепт.

Идејата на VR Studio е тоа да биде соработнички проект. Изложбата се создава помеѓу уметникот, дизајнерот, кураторот, а делата не постојат надвор од виртуелниот простор. Како гледаш на овие можности на несекојдневна соработка? 

Работата на дела кои постојат во виртуелниот простор ја гледам како можност за отстранување на  пречки во имагинацијата и изведбата на одредена идеја. Можност за една поинаква соработка каде што преку размена на идеи и предлози се постигнува еден поинаков креативен производ.

Medium slika 6

Филип Ивановски-Пепе, „Празен од“, 13-то Биенале на млади уметници на МСУ-Скопје, Природонаучен музеј на С. Македонија, 2021

Дел си од нашата уметничка сцена, како гледаш на неа и како гледаш на предизвиците што општеството ги поставува, особено во културата и уметноста?

Не ги гледам ограничувањата во нашето општество. Од една страна, кога се среќаваме со општествени и политички препреки, може да е предизвик, од друга страна е навистина фрустрирачки. Некогаш е демотивирачки. Никој не е тотално позитивен цело време. Но добро е да се има во главата некоја игра или некоја реченица која ќе си ја повторувам. 

На пример, „I don’t want to be a product of my environment. I want my environment to be a product of me“ („Не сакам да сум производ на мојата околина, сакам мојата околина да е производ од мене“), од филмот The Departed од Мартин Скорсезе [што стои како испис на ѕид во неговото студио].

Има луѓе се плашат, бегаат од проблеми, јас ги обожавам проблемите. Проблемот е пречка, но и тема за идејно решение. Предизвик. 

 

Фотографиите од делата се отстапени од уметникот.
--
PrivatePrintMeets е серија средби со млади уметници од С. Македонија и е дел од проектните активности на PrivatePrint финансирани од програмата Prince Claus Network Partnership.
VR Studio 2022 е кофинансирано од Министерството за култура на Северна Македонија и е овозможено преку активностите во серијата средби PrivatePrint Meets, финансирана преку Prince Claus Network Partnership Programme.

  • Mail
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Behance
  • Youtube
  • Linkedin
  • copyright © 2023 privateprint

Сакате да ги поддржите нашите активности? Прочитајте како можете да го сторите тоа!


Со поддршка на нашите активности ја поддржувате младата и прогресивна уметничка сцена која се бори за подобра видливост, средства и простор за израз во рамките на културната сцена.
Како прв издавач на уметнички книги во Скопје, Северна Македонија, основан во 2016 година, PrivatePrint цели кон објавување и поддршка на уметнички книги и на млади уметници кои работат надвор од востановените институционални рамки. Уште од самиот почеток, паралелно со издавачката програма се разви и разновидна непрофитна програма која вклучува изложби, промоции, меѓународни презентации, блог и онлајн активности и слично. Со оваа програма започнува работата на PrivatePrint Studio како уметнички и изложбен простор, кој потоа беше официјализиран како здружение во 2018 година со цел понатамошен развој на својата мисија. Преку своите активности студиото цели да создаде платформа за истражување и претставување на уметнички книги,дизајн и други медиуми на израз во современата уметност видени во поширок социо-културен контекст. Работи на подобра видливост и поврзување на уметниците и уметничките практики, како во локалниот контекст, така и преку размена на идеи на меѓународен план.
Затоа ни е потребна вашата поддршка, за да ја одржиме редовната работа на студиото и да отвориме повеќе можности за младите уметници да ја развиваат и претставуваат својата работа.
Можете да бидете донатор, спонзор или, пак, да се пријавите за годишна претплата на публикациите на PrivatePrint! Прочитајте повеќе и контактирајте нѐ!

 

Донирајте!


Можете да бидете донатор, да ги поддржите непротифитните активности на студиото и да ни помогнете да се развиваме. Сите донатори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, освен ако не сакате да бидете анонимни. 


Доколку сакате да направите лична донација (физичко лице) со сума по ваш избор, можете да го направите тоа на следните сметки:


Во Северна Македонија:
Здружение Студио ПРИВАТЕН ПРИНТ Скопје
Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4 1000 Скопје
Број на сметка: 300000004181609
Банка: Комерцијална банка АД Скопје


Меѓународно:
Strudio PRIVATEN PRINT Skopje
bul. "Partizanski odredi" 62/1-4 1000 Skopje, North Macedonia
IBAN: MK07300701003635721
SWIFT: KOBSMK2X


Доколку сте компанија, институција или слично (правно лице) и сакате да направите донација, ве молиме да нѐ контактирате за повеќе информации >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Бидете спонзор!


Можете да бидете спонзор на конкретен проект. Контактирајте нѐ за повеќе информации за нашите тековни или идни уметнички проекти. Сите спонзори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, а нивната поддршка со благодарност ќе биде назначена и на сите промотивни материјали за проектот.


Тековни проекти кои можете да ги поддржите:
Emerging Concepts Edition 
Изложби во соседството (минати изложби во рамки на програмата: Ледиа Костандини, Илија Прокопиев, Марта Шиндил)
 


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Претплата 2020


Можете да се пријавите за годишна претплата на изданијата на PrivatePrint. Бидете првиот што ќе ги добие нашите уметнички книги од 2020 директно на вашата адреса. Дополнително, добивате попуст од 10% на сите други публикации на PrivatePrint.


Годишна претплата - 2000 МКД \ 33 ЕUR


* Бесплатна достава на книгите во Северна Македонија.
** За цените за меѓународна достава пишете ни мејл.


Следете ја нашата веб-страница и социјалните профили (Facebook \ Instagram) за повеќе информации за книгите за 2020 година.


За повеќе информации и за деталите за плаќање контактирајте нѐ >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

Регистрација