Logo

  • mk
  • \
  • en
Menu
  • дома
  • издаваштво
    • книги
    • останати продукти
  • студио
    • настани
    • VR Studio
    • PrivatePrint Meets
    • архива
    • блог
    • документи
  • графички дизајн
  • за нас
    • што работиме
    • Q&A
    • дистрибуција
    • контакт
  • поддршка
  • Филип Ивановски-Пепе зборува за материјалот, контекстот и за игривата природа на своите дела
    Разговор
  • Ема Велковска зборува за задачата на дизајнерот, како и за важноста на интеракцијата и на тимската работа
    Разговор
  • Отворен повик за соработка на интердисциплинарен издавачки проект
    Отворен повик
  • Виртуелни простори за изложување на дигитални уметнички дела: истражување на интерактивноста и на просторната препознатливост
    Борко Хаџиевски
  • Владимир Здравески зборува за важноста на процесот на создавање и за медиумот на израз
    Разговор
  • Кон „I would rather die than be uncomfortable“ од Душан Стефановски
    Рецензија
  • Игор Таневски зборува за својата уметничка практика насочена кон теми за природата, новите технологии и за соработничкиот принцип
    Разговор
  • Имагинарни архиви - работилница за преосмислување на пејзажите од иднината
    отворен повик
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (трет дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (втор дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (прв дел)
    Сара Ахмед
  • Горан Ристовски зборува за односот кон просторот и за еколошкиот аспект на неговата уметничка практика
    Разговор
  • Ива Станковска зборува за својата уметничка практика, експериментирањето со материјалот и за предизвикот да го трансформира галерискиот простор
    Разговор
  • Драгана Пендовска зборува за својата млада уметничка практика и за виртуелната изложба Stepping into the cornfield
    Разговор
  • Кристина Божурска зборува за нејзината книга 15 Horror Stories by Women Workers и за можностите на уметноста како активизам
    Разговор
  • 15 HORROR STORIES BY WOMEN WORKERS - TRANSLATED
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS EDITION
  • Елена Чемерска зборува за својата уметничка практика и за проектот Споменик на слободата
    Разговор
  • ЏЕЗ
    Анри Матис, Џек Флам
  • ЛЕДИА КОСТАНДИНИ ЗБОРУВА ЗА КНИГАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЈАВНИОТ ПРОСТОР ВО НЕЈЗИНАТА ПРАКТИКА
    Разговор
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS Edition
  • Саемот на книги како уметничка практика
    Марија Христова
  • За изложбата Never Not in Love
    Разговор
  • Улис: место на средба помеѓу Џојс и Матис
    Ива Димовска
Прикажи повеќе

Ива Станковска зборува за својата уметничка практика, експериментирањето со материјалот и за предизвикот да го трансформира галерискиот простор

Објавено на: 06.10.2021

Разговорот е направен во студиото на Ива Станковска на 11 март 2021 година во рамки на програмата PrivatePrint Meets и е дополнет на 30 август 2021 година, преку електронска комуникација. Ива Станковска зборува за своите искуства со првите самостојни изложби, за тоа што ѝ е предизвик додека создава, како и за нашата соработка на изложбата Incorporeal во рамки на нашето VR Studio.

Medium prva slika

Ива Станковска

Твојата последна самостојна изложба „Сè што е црвено е добро?“ се отвори во октомври 2020 година во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а летово беше поставена и во Центарот за култура во Струга. Да почнеме од неа.

Изложбата требаше да се случи на петок 13, на 13 март 2020 година и тогаш сè се затвори поради пандемијата. Па се одложи за октомври. Таа изложба беше спремна од претходно и веќе нејзиното поставување се одложуваше две години. Делата се работени по дипломирањето. Со нив сакав да го испровоцирам сето она најлошо што може да се случи, поаѓајќи од целата фамилијарна историја што ја имам.

Кога ја одбранив дипломската на факултет, почина татко ми со самоубиство. Буквално кога го земав новото ателје на првиот ден се случи тоа. И за мене тоа беше многу трауматично. Кога ги гледам тие слики сега, ми изгледа како јас да сум се... не знам како да објаснам. Тоа целото како сум го поминувала, како сум го сфатила, сите мои прашања, сè што сум мислела и не мислела во врска со тоа - сè е во тие слики, во тие идеи. 

Medium 6

Ива Станковска, „Сè што е црвено е добро?“, поглед на поставка, Галерија на Факултет за ликовни уметности, Скопје, октомври 2020

Сакаш да кажеш дека во таа изложба се состои целиот тој емотивен процес низ којшто ти проаѓаше? Ненамерно?

Да, па да ненамерно. Она од што реално појдов е од просторот, сакав да го искористам просторот таков каков што е, сакав да биде баш просторна изложба конкретно за таа галеријата на ФЛУ. Делата, сами по себе се направени и произлегуваат од некој мој интерес за конкретните материјали. На пример, мене ми е интересно како од оваа страна хартијата нема никаква интеракција со алкохол, но од оваа има [покажува на хартијата за фискална каса, ленти обесени од плафонот на студиото, просторна инсталација "New plague, new studio, new rules“, 2020]. Тој интерес ме има однесено да работам слики и со замрзната боја. Но, од друга страна, се и оние слики што беа изложени на групната изложба „На работ“ во Акантус, што всушност буквално беа чистење. Јас отпосле сфатив зошто сум го правела тоа, само што ми требаше некој период да помине. 

Во делата работени за изложбата „Сè што е црвено е добро?“ ги користев традициите и суеверијата што ги има во моето семејство. Тоа се чудни традиции што се маскирани во некаква религија што произлегуваат од овие простори, како фрлање на глава од кокошка, такви чудни и морбидни работи со коишто јас претходно се немам соочено. И следејќи го генералниот концепт на рај, чистилиште и пекол, овие традиции ги вклопив во делата на изложбата. 

Дали споменатите семејни традиции и суеверија се дел од духовност, која сакаш да ја преведеш во твоето дело?

Не знам колку верувам јас во сето тоа, најверојатно не верувам. Но мене ми е интересно: зошто ние сето тоа го правиме? Како што некој се справува со тоа, со помош на фрлање глави од кокошки, јас се справувам на овој начин, како катарза, прочистување и затворање на еден период. Кога ја завршив изложбата, еден месец се чувствував како камен од мене да има паднато. 

Почнувам со некој материјал што ме интересира, на пример, ме интересира епоксидна смола. И мислам што сè можам да направам со епоксидна смола и колку брзо се суши, што можам да ставам друго во неа, и почнувам од нешто такво. Јас после тоа сфаќам што тој процес значел за мене.

Medium slika instalacija

Ива Станковска, "New plague, new studio, new rules“, ателје на Ива Станковска, Скопје, јуни 2020

А зошто црвената боја?

Црвената боја е единствено нешто што се повторува од факултет па наваму. Кога бев четврта година експериментирав на платна со огромен формат, правев сè на нив. Ги редев по не знам колку слоеви платна едно над друго, имаше хартии помеѓу, јутени вреќи, ги ставав надвор на снег ги сликав, оставив едно поголемо платно на снег две недели. И се обидов со сè и сешто, сите можни бои што можат да се купат во бои и лакови, бидејќи работам со фасадни бои. Единствено бојата што остануваше со ист интензитет, колку и да се меша што и да се прави со неа, беше црвената боја, сите други кога ќе ги измешаш станува кал. А црвената само се разводенува, не губи од интензитетот. Многу ми се допадна тој момент. 

Тоа што ми беше дипломската работа, беше истражување за случајноста. Дали можам да направам јас слика да биде случајна ама да ја направам јас? И сфатив дека тоа не може така да функционира, бидејќи сè додека имаш намера не може да биде случајно. Потоа кога го чистев ателјето, најлоните што беа послани под делото, всушност тоа излезе дека е таа слика што јас се обидував да ја направам. Сум ја направила, ама само затоа што не сум имала намера тој најлон да биде слика. Најлоните отпосле, по дипломската, ги изложив, а во моментот кога го спремав текстот за дипломската јас не знаев за нив. 

Дали создавањето на твоето дело има обреден карактер? Ни покажуваш процес на измачување на материјалот за да видиме, а претпоставувам да видиш и ти самата, колку тој може да издржи за да стане дело.

Повеќе сакав да видам што е максимумот на платното. Кај мене во гаража што ја користам како депо, има толку многу платна и толку тие на ништо не личат. Јас и кога ги изложувам не ги изложувам оптегнати, бидејќи не се работени така. Кога беа изложени на дипломската или беа фрлени на земја или на штафелај префрлени едно преку друго. Така биле работени, нема потреба да им се менува просторот. 

Medium slika faks

Ива Станковска, истражувачки процес за дипломска работа, Факултет за ликовни уметности, Скопје

Имајќи ги предвид твоите досегашни искуства со просторни инсталации, можеш ли да го споредиш искуството со работа во виртуелен простор и во реален, преку изложбата “Incorporeal” реализирана во рамки на проектот VR Studio на PrivatePrint Studio?

И реалниот и виртуелниот простор нудат одлични можности, но си носат и свои уникатни предизвици. Во реалниот простор можеш да се појавиш без прецизна идеја за поставување и спонтано да го осмислиш просторот откако ќе го проучиш, што е и пожелно бидејќи секогаш има технички потешкотии поради коишто понекогаш мора да се смени поставката (ѕидови во кои не се кова, дупки, штекери, кабли, врати итн.). 

Во виртуелниот простор, пак, можеш од почеток да ги имаш целиот концепт и идеја за поставување и да добиеш совршено чист и едноставен израз без маскирање. Можеш да си играш со природните феномени и закони што за мене е супер кул. 

Идејата на VR Studio е тоа да биде соработнички проект. Изложбата се создава помеѓу уметникот, дизајнерот, кураторот, а делата не постојат надвор од виртуелниот простор. Како гледаш на овие можности на несекојдневна соработка? 

Мислам дека традиционалните техники секако ќе бидат тука уште долго, но технологијата што ја имаме денес, исто како и уметноста, е приказ на времето во кое живееме и треба добро да ја искористиме. No man is an island, така што се надевам дека ќе има повеќе вакви соработки. 

Medium fb cover raboten2 01

Ива Станковска, "Incorporeal", виртуелна изложба, PrivatePrint VR Studio, 2021

Кога работиш во реалниот простор, ги поставуваш делата директно таму и интервенираш во самиот простор. Зошто сакаш да го менуваш просторот?

Делумно е поради тоа што сакам да го трансформирам просторот. И кога станува збор за моја изложба и кога сум посетител на изложба, ме привлекува играта со просторот. Последниот пат кога бев Америка, во Гугенхајм на најгорниот кат, во просторија во којашто претходните години немаше ништо, само ѕид, имаше изложба "Synthetic Desert". Беше направена како просторија во просторија, звучно изолирана, кога ќе влезеш ги слушаш другите како дишат и тоа е тоа. Има мост, некое посебно сино светло и изгледа буквално пустина со пирамиди од сунѓер од сите страни. И ништо друго. 

Значи го менуваш просторот да ги сместиш гледачите на друго место?

Тоа е исто со тоа како едно дело изгледа во ателје и кога ќе се изложи во друг простор. Интересно ми е да го насочам гледачот како да го гледа делото и да го сместам во просторот на делото. 

Искуството и материјалот се исклучително битни, преку материјалот сакаш да го протнеш искуството. Кога зборуваш за музеите зборуваш за твоето искуство во нив. 

Тие две работи се најважни. Кога дојдов на факултет од средно уметничко, сфатив дека сите ние од средно уметничко сликаме исто, а сите други од различни средни училишта - различно. Активно работев на тоа да видам кој е мојот ракопис и да видам до каде можам да стигнам. На пример, имавме вежба некој акт, портрет, што и да е, јас ќе го направев тоа, ама во меѓувреме ќе направев уште десет други цртежи со маркери, сосема слободни. Или на пример на акт, сега моделот стои таму каде што стои, јас го цртам моделот, ама цртам и сè околу него, студентите, нивните карактери, клупите и сл. Потоа тоа стануваше се поголемо и поголемо, на крај на факултет беа тие големи платна, за после тоа да останат само црвени платна. 

Medium img 6028

Ива Станковска, истражувачки процес за дипломска работа, Факултет за ликовни уметности, Скопје

Интересен процес на оддалечување, оддалечување и на крај целосно апстрахирање.

Тоа беше долг процес, којшто уште трае. Бидејќи уште тестирам до каде можам да стигнам. Некои мои колеги сè уште некако слично како да работат, како на факултет. Кога цртаат портрет, се гледаат мерките, точките на поставување се пак истите. Јас сакав да се тргнам од тоа. 

Нашата програма PrivatePrint Meets е насочена кон млади уметници коишто се на самиот почеток на својата кариера и коишто творат во нашиот локален контекст. Па, во таа насока би сакале да дознаеме како ти ја гледаш средината во којашто работиш, уметничката сцена каде што припаѓаш и позицијата на уметникот?

Многу работи не ми се допаѓаат, прво институциите не ти даваат никаде ништо да заковаш, никаква слобода, а од друга страна ти кажуваат дека си неинвентивен. Се откажав веќе од идејата да аплицирам на проекти... не ми е сфатливо како може од целиот процес на правење на изложба, сите буквално од шоферот, до хигиеничарката, до кој и да е, да бидат платени освен уметникот, бидејќи авторот ќе добие само како бесплатна промоција. Тој момент уште не можам да го сфатам.

--

Сите фотографии освен првата се направени и/или остапени од Ива Станковска.

PrivatePrintMeets е серија средби со млади уметници од С. Македонија и е дел од проектните активности на PrivatePrint финансирани од програмата Prince Claus Network Partnership.

VR Studio во 2021 година е кофинансирано од Министерството за култура на Северна Македонија и е овозможено преку активностите во серијата средби PrivatePrint Meets, финансирана преку Prince Claus Network Partnership Programme.

  • Mail
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Behance
  • Youtube
  • Linkedin
  • copyright © 2023 privateprint

Сакате да ги поддржите нашите активности? Прочитајте како можете да го сторите тоа!


Со поддршка на нашите активности ја поддржувате младата и прогресивна уметничка сцена која се бори за подобра видливост, средства и простор за израз во рамките на културната сцена.
Како прв издавач на уметнички книги во Скопје, Северна Македонија, основан во 2016 година, PrivatePrint цели кон објавување и поддршка на уметнички книги и на млади уметници кои работат надвор од востановените институционални рамки. Уште од самиот почеток, паралелно со издавачката програма се разви и разновидна непрофитна програма која вклучува изложби, промоции, меѓународни презентации, блог и онлајн активности и слично. Со оваа програма започнува работата на PrivatePrint Studio како уметнички и изложбен простор, кој потоа беше официјализиран како здружение во 2018 година со цел понатамошен развој на својата мисија. Преку своите активности студиото цели да создаде платформа за истражување и претставување на уметнички книги,дизајн и други медиуми на израз во современата уметност видени во поширок социо-културен контекст. Работи на подобра видливост и поврзување на уметниците и уметничките практики, како во локалниот контекст, така и преку размена на идеи на меѓународен план.
Затоа ни е потребна вашата поддршка, за да ја одржиме редовната работа на студиото и да отвориме повеќе можности за младите уметници да ја развиваат и претставуваат својата работа.
Можете да бидете донатор, спонзор или, пак, да се пријавите за годишна претплата на публикациите на PrivatePrint! Прочитајте повеќе и контактирајте нѐ!

 

Донирајте!


Можете да бидете донатор, да ги поддржите непротифитните активности на студиото и да ни помогнете да се развиваме. Сите донатори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, освен ако не сакате да бидете анонимни. 


Доколку сакате да направите лична донација (физичко лице) со сума по ваш избор, можете да го направите тоа на следните сметки:


Во Северна Македонија:
Здружение Студио ПРИВАТЕН ПРИНТ Скопје
Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4 1000 Скопје
Број на сметка: 300000004181609
Банка: Комерцијална банка АД Скопје


Меѓународно:
Strudio PRIVATEN PRINT Skopje
bul. "Partizanski odredi" 62/1-4 1000 Skopje, North Macedonia
IBAN: MK07300701003635721
SWIFT: KOBSMK2X


Доколку сте компанија, институција или слично (правно лице) и сакате да направите донација, ве молиме да нѐ контактирате за повеќе информации >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Бидете спонзор!


Можете да бидете спонзор на конкретен проект. Контактирајте нѐ за повеќе информации за нашите тековни или идни уметнички проекти. Сите спонзори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, а нивната поддршка со благодарност ќе биде назначена и на сите промотивни материјали за проектот.


Тековни проекти кои можете да ги поддржите:
Emerging Concepts Edition 
Изложби во соседството (минати изложби во рамки на програмата: Ледиа Костандини, Илија Прокопиев, Марта Шиндил)
 


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Претплата 2020


Можете да се пријавите за годишна претплата на изданијата на PrivatePrint. Бидете првиот што ќе ги добие нашите уметнички книги од 2020 директно на вашата адреса. Дополнително, добивате попуст од 10% на сите други публикации на PrivatePrint.


Годишна претплата - 2000 МКД \ 33 ЕUR


* Бесплатна достава на книгите во Северна Македонија.
** За цените за меѓународна достава пишете ни мејл.


Следете ја нашата веб-страница и социјалните профили (Facebook \ Instagram) за повеќе информации за книгите за 2020 година.


За повеќе информации и за деталите за плаќање контактирајте нѐ >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

Регистрација