Logo

  • mk
  • \
  • en
Menu
  • дома
  • издаваштво
    • книги
    • останати продукти
  • студио
    • настани
    • VR Studio
    • PrivatePrint Meets
    • архива
    • блог
    • документи
  • графички дизајн
  • за нас
    • што работиме
    • Q&A
    • дистрибуција
    • контакт
  • поддршка
  • Филип Ивановски-Пепе зборува за материјалот, контекстот и за игривата природа на своите дела
    Разговор
  • Ема Велковска зборува за задачата на дизајнерот, како и за важноста на интеракцијата и на тимската работа
    Разговор
  • Отворен повик за соработка на интердисциплинарен издавачки проект
    Отворен повик
  • Виртуелни простори за изложување на дигитални уметнички дела: истражување на интерактивноста и на просторната препознатливост
    Борко Хаџиевски
  • Владимир Здравески зборува за важноста на процесот на создавање и за медиумот на израз
    Разговор
  • Кон „I would rather die than be uncomfortable“ од Душан Стефановски
    Рецензија
  • Игор Таневски зборува за својата уметничка практика насочена кон теми за природата, новите технологии и за соработничкиот принцип
    Разговор
  • Имагинарни архиви - работилница за преосмислување на пејзажите од иднината
    отворен повик
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (трет дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (втор дел)
    Сара Ахмед
  • Ориентации: насоки за квир феноменологија (прв дел)
    Сара Ахмед
  • Горан Ристовски зборува за односот кон просторот и за еколошкиот аспект на неговата уметничка практика
    Разговор
  • Ива Станковска зборува за својата уметничка практика, експериментирањето со материјалот и за предизвикот да го трансформира галерискиот простор
    Разговор
  • Драгана Пендовска зборува за својата млада уметничка практика и за виртуелната изложба Stepping into the cornfield
    Разговор
  • Кристина Божурска зборува за нејзината книга 15 Horror Stories by Women Workers и за можностите на уметноста како активизам
    Разговор
  • 15 HORROR STORIES BY WOMEN WORKERS - TRANSLATED
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS EDITION
  • Елена Чемерска зборува за својата уметничка практика и за проектот Споменик на слободата
    Разговор
  • ЏЕЗ
    Анри Матис, Џек Флам
  • ЛЕДИА КОСТАНДИНИ ЗБОРУВА ЗА КНИГАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЈАВНИОТ ПРОСТОР ВО НЕЈЗИНАТА ПРАКТИКА
    Разговор
  • OPEN CALL: EMERGING CONCEPTS Edition
  • Саемот на книги како уметничка практика
    Марија Христова
  • За изложбата Never Not in Love
    Разговор
  • Улис: место на средба помеѓу Џојс и Матис
    Ива Димовска
Прикажи повеќе

Саемот на книги како уметничка практика

Текст и фотографии: Марија Христова
Објавено на: 29.05.2019

Medium 1  2

Haus der Kulturen der Welt, Berlin

Саемот за уметнички книги Miss Read од Берлин е основан во 2009 година и е еден од поголемите саеми за уметнички книги во светот. Последните две години се случува во култниот Дом на културите на светот (Haus der Kulturen der Welt) во центарот на Берлин и се распостелува во сите негови простори. Основан и организиран од уметници, кои ја дефинираат неговата примарна цел во смисла на промислување, одржување и развој на заедницата на уметниците, издавачите и публиката на уметничките книги и размена на идеи, на принципот кој повеќе личи на античката агора, отколку на современиот маркет. 

За да ја оствари оваа цел, програмата на десеттото издание на Miss Read (од 3 до 5 мај 2019 година), слично како и претходните години, освен што беше исполнета со изданијата на околу 300 интернационални издавачи, уметници, изработувачи на зинови и слични публикации, се состоеше и од дискусии, предавања, редовната програма на Денот на концептуална поетика, работилници, изложба... 

Medium sp

Покрај содржините, и самата поставеност на правилата на игра и рамките на саемот, го дефинираат како целосен и осмислен продукт. Секој од учесниците на саемот има еднаков простор и еднаков пристап до алатките за презентација и реклама на издавачката практика како на самиот настан, така и преку социјалните медиуми на саемот. Идејата за еднаквост и инклузивност, ги носи организаторите до поставувањето на сите во исти просторни рамки - отприлика, еден квадратен метар: големите издавачи како МИТ Прес, ЈРП Рингиер и други, имаат ист простор за изложување на своите дела, како уметници со по едно дело. Издавачите можеа да се претстават на дискурзивната програма и да предложат активност. Она што беше особено интересно во рамките на целиот концепт на саемот, во аудиториумот на културниот центар, користејќи го големото платно за проекции и технологијата за снимање, преку директно прелистување на книгите, на изложувачите им беше овозможен и уште еден тип на претставување: во реално време слободно да ја претстават својата практика. Овој пристап, рекламен, но и кураторски и перформативен, овозможи дополнителна визуелна вредност во целата атмосфера на настанот. 

Medium 61619313 370285490280886 4399798084666654720 n

Сето ова, но и непосредните средби и разговори со посетителите, беше натопено со идејата, состојбите, одржливоста и креативното претставување на овие книги и нивните издавачи. Miss Read успеа да отвори простор за промислување на состојбите на независното издаваштво, воопшто, и со тоа на саемот да му даде вредност во контекст на неговата цел да биде агора за размена на идеи, а не единствено маркет.

Работата на Miss Read и неговите основачи на ова поле е особено значајна. Нивната публикација, во соработка со МИТ Прес, наречена „Издавачки манифести“ (Publishing Manifestos), која првпат излезе во 2018, а на оваа година на саемот го имаше своето второ и проширено издание, претставува особено значајно дело токму во оваа насока. Идејата е таа да претставува нов вид на каталог кој ќе ги содржи начелата на работа на издавачите наназад во времето, а посочува и автореференцијални промислувања на нивната дејност. Овој зборник на манифести, ставови, изјави за издавачката практика, содржи битни документи и текстови почнувајќи од Гертруда Штајн во 1914, па сѐ до денеска. Содржи текстови кои се поместени како референтни за издаваштвото, кои не биле мислени со идејата на манифест, како и такви кои се пишувани наменски од издавачи кои биле дел на саемот. Без разлика дали се сериозни манифести со фусноти и референци или пак игриви претставувања на ставот на издавачите и авторите, сите во себе носат многу слична страст кон издавачката практика и длабоката и лична инволвираност во процесот на создавање на книги како уметнички дела.

Medium 61466765 2346711002268906 8807089053313794048 n

Publishing Manifestos, Miss Read/MIT Press, 2019

Како и да е, кога треба да се промисли сопствената издавачка практика на издавање на книги кои излегуваат надвор од рамките на стандардните формати и зацртаните бизнис планови, се доаѓа до тоа дека самата издавачка практика во себе има уметнички, концептуални, кураторски аспекти. Истото тоа, основачите на овој саем се обидуваат да го вклучат и при неговото водење. 

„Се наоѓаме во привилигиран историски момент, кога водењето на издавачка куќа - или саем на книга - може да биде уметничко дело. Истовремено, тоа е и Sozialarbeit (општествено дело), начин на продукција кој повеќе може да се поврзе со создавањето на општествени контексти, отколку со креацијата на материјални добра.“ (Michalis Pichler, Publishing Manifestos, Miss Read/MIT Press, 2019, стр. 19)

Значењето кое произлегува од оваа книга, како и од целата уметничка практика на саемот, во крајна линија, е дефинирање на полето на борба на независните издавачи и нивниот придонес во одржување и поддршка на библиодиверзитетот. Овој дел од издавачката дејност, делот кој се занимава со уметнички книги, печатени материјали и сродни публикации, претставува пркос во целата дејност. Со тоа што одржува и создава нестандардни, мултимедијални, интердисциплинарни форми, книги-објекти, книги во еден примерок, книги без ИСБН број, ексклузивни и оригинални лимитирани едиции налик на нумерираните графички отпечатоци, специфично користење на технологијата, истражување на методите на печатење, типовите на изданија, алатките за издавање - создава диверзитет кој ги истражува границите на печатениот медиум, концептите на мултиплицираното дело и комуникативните премиси. 

Medium 62077948 436860526893030 7610912125615079424 n
  • Mail
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Behance
  • Youtube
  • Linkedin
  • copyright © 2023 privateprint

Сакате да ги поддржите нашите активности? Прочитајте како можете да го сторите тоа!


Со поддршка на нашите активности ја поддржувате младата и прогресивна уметничка сцена која се бори за подобра видливост, средства и простор за израз во рамките на културната сцена.
Како прв издавач на уметнички книги во Скопје, Северна Македонија, основан во 2016 година, PrivatePrint цели кон објавување и поддршка на уметнички книги и на млади уметници кои работат надвор од востановените институционални рамки. Уште од самиот почеток, паралелно со издавачката програма се разви и разновидна непрофитна програма која вклучува изложби, промоции, меѓународни презентации, блог и онлајн активности и слично. Со оваа програма започнува работата на PrivatePrint Studio како уметнички и изложбен простор, кој потоа беше официјализиран како здружение во 2018 година со цел понатамошен развој на својата мисија. Преку своите активности студиото цели да создаде платформа за истражување и претставување на уметнички книги,дизајн и други медиуми на израз во современата уметност видени во поширок социо-културен контекст. Работи на подобра видливост и поврзување на уметниците и уметничките практики, како во локалниот контекст, така и преку размена на идеи на меѓународен план.
Затоа ни е потребна вашата поддршка, за да ја одржиме редовната работа на студиото и да отвориме повеќе можности за младите уметници да ја развиваат и претставуваат својата работа.
Можете да бидете донатор, спонзор или, пак, да се пријавите за годишна претплата на публикациите на PrivatePrint! Прочитајте повеќе и контактирајте нѐ!

 

Донирајте!


Можете да бидете донатор, да ги поддржите непротифитните активности на студиото и да ни помогнете да се развиваме. Сите донатори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, освен ако не сакате да бидете анонимни. 


Доколку сакате да направите лична донација (физичко лице) со сума по ваш избор, можете да го направите тоа на следните сметки:


Во Северна Македонија:
Здружение Студио ПРИВАТЕН ПРИНТ Скопје
Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4 1000 Скопје
Број на сметка: 300000004181609
Банка: Комерцијална банка АД Скопје


Меѓународно:
Strudio PRIVATEN PRINT Skopje
bul. "Partizanski odredi" 62/1-4 1000 Skopje, North Macedonia
IBAN: MK07300701003635721
SWIFT: KOBSMK2X


Доколку сте компанија, институција или слично (правно лице) и сакате да направите донација, ве молиме да нѐ контактирате за повеќе информации >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Бидете спонзор!


Можете да бидете спонзор на конкретен проект. Контактирајте нѐ за повеќе информации за нашите тековни или идни уметнички проекти. Сите спонзори ќе бидат наведени на нашата веб-страница, а нивната поддршка со благодарност ќе биде назначена и на сите промотивни материјали за проектот.


Тековни проекти кои можете да ги поддржите:
Emerging Concepts Edition 
Изложби во соседството (минати изложби во рамки на програмата: Ледиа Костандини, Илија Прокопиев, Марта Шиндил)
 


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

 

Претплата 2020


Можете да се пријавите за годишна претплата на изданијата на PrivatePrint. Бидете првиот што ќе ги добие нашите уметнички книги од 2020 директно на вашата адреса. Дополнително, добивате попуст од 10% на сите други публикации на PrivatePrint.


Годишна претплата - 2000 МКД \ 33 ЕUR


* Бесплатна достава на книгите во Северна Македонија.
** За цените за меѓународна достава пишете ни мејл.


Следете ја нашата веб-страница и социјалните профили (Facebook \ Instagram) за повеќе информации за книгите за 2020 година.


За повеќе информации и за деталите за плаќање контактирајте нѐ >>>


Лице за контакт:
Марија Христова
marija@privateprint.mk
+(389) 78 539738

Регистрација